Ако сакате да подготвите пица за кратко време, ова тесто без квасец е совршен избор – побрзо, покрцкаво и лесно се прави!
Домашната пица е одлична опција за семеен ручек или вечера, а одлична е и за гости. Сите сакаат пица, а на неа можете да ставите разни состојки кои веќе ги имате во фрижидер, без комплицирање. Но, чекањето тестото за пица да нарасне е главната причина зошто многумина се откажуваат од оваа идеја за оброк во последен момент. Главниот виновник овде е квасецот, кој предизвикува тестото да нарасне и поради кој пицата го има оној карактеристичен раб кој се дува по печењето. Во овој рецепт квасецот ќе го замените со состојка која веројатно ја имате во вашата кујна.
Рецепт за тесто за пица без квасец
Во овој рецепт не се користи квасец, туку прашок за пециво.
Ако користите прашок за пециво во тестото за пица наместо квасец, придобивките се тоа што кората ќе се направи побрзо и ќе биде покрцкава. Прашокот за пециво брзо реагира, па не мора да чекате тестото да нарасне, што може да ви заштеди време.
Исто така, тестото со прашок за пециво може да биде малку полесно и помалку гумено, па кората ќе биде потенка и покрцкава. Сепак, имајте на ум дека тоа ќе биде поинаква текстура од класичното тесто од квасец, па ако ви се допаѓа таа еластична кора, ова можеби не е најдобрата опција за вас.
Состојки за тесто за пица без квасец:
250 гр брашно
1 прашок за пециво
1/2 лажичка сол
150 мл вода
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Додадете маслиново масло и вода. Мешајте додека не добиете мазно тесто. Ако е премногу лепливо, додадете уште малку брашно.
Тестото префрлете го на набрашнета површина и месете го кратко, само додека добро да се соедини (не треба долго да го месите бидејќи нема квасец).
Расукајте го тестото до саканата дебелина и ставете го на плех или во тава за пица.
Додадете ги омилените преливи и печете во загреана рерна на 220°C околу 10-15 минути, додека кората не порумени и не стане крцкава.