Како да не ви испукаат јајцата додека ги варите?

Фото: Freepik
1.556

Ова е едно од најчестите прашања кога се ближи Велигден. Насекаде има различни совети, а ние се обидовме да ги споиме во еден текст. Веруваме дека барем еден од овие совети функционира. Ќе ги испробаме, а вие?

Една од најважните работи која постојано ја повторуваме, е онаа дека ако сакате јајцата да не ви испукаат при варењето е да ги извадите од фрижидер и да ги оставите на собна температура барем еден час пред да почнете да ги варите.
Јајцата пукаат кога се ставаат директно од фрижидерот бидејќи гасовите во нив нагло се загреваат и се шират во внатрешноста на лушпата. Кога притисокот станува превисок, гасовите излегуваат со кршење на најслабите делови од лушпата.
Совет плус: Ако не сакате или немате време да чекате, можете да ги потопите јајцата во топла вода неколку минути пред да почнете да ги варите.

Ако е можно, користете „постари“ јајца
Кога јајцето е свежо, надворешната мембрана е залепена за лушпата, додека внатрешната е залепена за белките. Како што старее јајцето, мембраните се движат кон лушпата, што го прави поцврсто.
Убаво распоредете ги во тенџерето
Внимателно ставајте ги јајцата во тенџерето и не ставајте премногу затоа што јајцата не треба да се удираат меѓусебе.

Совет плус: Тестирајте дали вашите јајца се свежи – ставете ги во тенџере со солена вода – ако јајцата потонат, тоа значи дека се свежи. Ако, пак, некои од нив останат на површината, веројатно значи дека се расипани.

Ставете превиткано парче газа на дното од тенџерето – ќе делува како перниче за да не се удираат премногу за време на готвењето.
Прелијте ги јајцата со ладна вода од чешма.
Додадете половина лажичка сол во водата.
Ова може да помогне да не пукаат бидејќи ги запечатува помалите пукнатини што се појавуваат за време на готвењето, а исто така и побрзо ќе се лупат поради тоа.
Никогаш не ставајте јајца директно во топла вода. Ваквата постапка ги „шокира“ јајцата и тие пукаат.
Додадете оцет во водата.
За секое сварено јајце ставете по една лажичка оцет.

Исто така, ако веќе при варењето забележите дека јајцето е пукнато, можете да додадете оцет – ќе му помогне на јајцето да се свари како и другите јајца.

Не претерувајте со оцет – ако ставите премногу, јајцата би можеле да имаат вкус на оцет.