Како да се откажете од шеќер покрај полна чинија колачи?
Кога размислуваме како да го намалиме внесувањето на шеќер во организмот, а потоа ќе се соочиме со една ваква чинија полна со слатки, време е да покажеме дали имаме силен или слаб карактер. За оние вторите, имаме рецепти за сѐ
Дел од рецептите за овие колачи веќе објавивме и доколку сакате да ги направите, потсетете се на рецептите за празничните колачи кои се прават лесно, а можат да ви траат и цел месец, или пак за оние традиционалните со шербет, познати како назли фатми.
Бидејќи овие колачи се прават само со жолчки, белките ќе мора да ги искористите за да направите пуслици.
5 белки на собна температура
прстофат сол
200 гр шеќер
1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
Рерната нека ви биде вклучена на 110 степени. Ставете ги белките во длабок сад и матете ги со миксер.
За време на матењето постепено додавајте го шеќерот.
Додадете и прстофат сол. На крајот додадете сок од лимон за пуслиците да ја задржат својата форма. Матете уште две или три минути. Снегот треба да биде цврст и сјаен.
Потоа ставете го снегот од белки во готварски шприц или со лажица ставајте ги на тава за печење обложена со хартија и формирајте пуслици. Печете ги, односно, сушете ги околу 50 минути без да ја отворите вратата на рерната. Готовите пуслици извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат на плехот.
За питата со тиква рецептот ќе го најдете ТУКА, со тоа што во рецептот е со сосема друго полнење, а за да направите пита со тиква ќе треба да имате рендана свежа тиква и да ѝ додадете зачини по желба и ако не е доволно блага, шеќер по вкус.
И конечно, еве како да дотрошите сѐ што ви останало дома од Божиќните пости.
Направете бомбици:
Состојки:
200 г мелени бисквити
200 г мелени лешници
250 г урми
сок и кора од портокал
Ванилин шеќер или екстракт од ванила
100 г путер на собна температура
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги за да добиете смеса која ќе може да се обликува. Ако е смесата сува, додадете сок од портокал, а ако е премногу влажна, додадете некои од сувите состојки, на пример, бисквити или лешници.
Обликувајте ги бомбиците, украсете ги по ваша желба и ставете ги во фрижидер.