Како да внесувате 500 калории помалку дневно?

Фото: Unsplash
556

Доволно е да не пиете газирани пијалаци, да пазарите намирници и сами да си ги подготвувате оброците и да применувате уште неколку едноставни совети со чија помош ќе внесувате 500 калории помалку дневно и ќе слабеете по 1 килограм неделно

Формулата не може да биде поедноставна: можете да изгубите еден килограм неделно ако консумирате 500 калории помалку дневно. Тоа не значи дека сега треба избезумено да броите калории и да држите диета, туку ќе биде доволно следните едноставни совети да ви станат секојдневна навика.

Како да внесете 500 калории помалку дневно


Јадете јајца за појадок – За појадок изедете две варени или пржени јајца, кои ќе ве заситат доволно за да изедете околу 415 калории помалку во остатокот од денот. Започнете го ручекот со нискокалорична супа и ќе внесете околу 130 калории помалку.

Избегнувајте газирани пијалаци – Три децилитри газирани пијалаци може да содржат над 200 калории. Гасете ја жедта со вода наместо со газиран пијалак.

Уживајте во купувањето намирници и подготовката на оброците – Поминете еден час во купување намирници, исчистете ги кога ќе се вратите дома, поминете два часа подготвувајќи убав ручек/вечера, поставете ја масата и послужете ја храната – и сте изгубиле дури 640 калории.

Јадете помалку тестенини – Порцијата со тестенини треба да биде со големина на тупаница, а обично се сервираат во два, три или дури четири пати поголеми порции и може да содржат до 1000 калории.

Оставете ги тенџерињата на шпоретот – Не ставајте тенџериња, тави и садови со храна на масата каде што јадете бидејќи ќе ве намамат да земете повеќе… Ставете ја храната во чинија и оставете ги сите садови на шпоретот.

Јадете од помали чинии – Ако јадете од помали чинии, ќе јадете 20 до 25% помалку храна или до 500 калории помалку дневно и ќе се чувствувате исто толку сити.

Избегнувајте јаткасти плодови – Јаткастите плодови содржат масти здрави за срцето, но и многу калории. На пример, грст јаткасти плодови пржени со масло може да содржи до 180 калории. Ако не можете да им одолеете, јадете ф’стаци. Две раце ф’стаци имаат околу 160 калории, а нивното јадење ќе го забави вадењето на лушпите.

Не јадете пред телевизор – Ако јадете додека гледате телевизија, можете да внесете и до 300 калории повеќе. Јадете на маса и заменете еден час гледање телевизија со прошетка. На тој начин ќе внесете околу 530 калории помалку.

Ограничете го бројот на гости – Според некои истражувања, ако јадете во друштво на седум или повеќе луѓе, можете да јадете и до 90 отсто повеќе! Тоа е како да јадете двоен оброк. Затоа поканете помалку луѓе и ќе внесете 500 или повеќе калории помалку.

Оставете нешто во чинијата – Оставете околу 25% од храната во чинијата за утрешниот ручек. Ако обично внесувате две илјади калории или повеќе секој ден, на овој начин ќе внесете 500 калории помалку.

Избегнувајте пуканки во кино – Голема порција пуканки со путер какви што купуваме во кино може да содржи до 1000 калории. „Прокриумчарете“ во киното пуканки со малку маснотии кои сте ги направиле дома и ќе внесете и до 700 калории помалку.

Не гладувајте, туку јадете – гладувањето не прави да ослабете (здраво), затоа заситете се со храна богата со вода и влакна – овошје, зеленчук и мешунки.

Наспијте се – Луѓето кои спијат околу пет и пол часа дневно јадат повеќе, докажало истражувањето. Ако спиете помеѓу седум и осум часа на ден, можете да консумирате и до 1000 калории помалку.

Како да согорите 1000 калории дневно
Еден од најефикасните начини за согорување на калории е кардио тренингот. Брзо одење, трчање, возење велосипед, пливање или скокање јаже се одлични примери за кардио вежби. Еден час брзо возење велосипед може да согори околу 500-600 калории, така што со два часа такво возење би ја достигнале вашата цел.