Како да замрзнете домати за зима?

Фото: Freepik
280

Еве еден одличен трик за зачувување на свежината на доматите со замрзнување во садови за мраз.


Замрзнувањето домати во садови за правење мраз е практичен начин да се зачува свежиот производ. На овој начин ќе ги зачувате сите корисни хранливи материи.

Измијте ги доматите темелно со ладна вода, исушете ги и исечкајте ги мали парчиња или изрендајте ги. По желба, можете да додадете и билки, лути пиперчиња, лук, босилек или други зачини.

Фото: Pexels

Смесата истурете ја во пластични или силиконски калапи за замрзнување и оставете ја во замрзнувач. По замрзнувањето, ќе добиете коцки доматна паста, која лесно се вади од калапот.

Вака замрзнатите домати се идеални за готвење супи или други јадења.