На полиците во маркетите цените на маслиновото масло се повисоки од кога било, но ако веќе го купувате, треба да бидете барем сигурни дека е навистина чисто маслиново масло. Еве на што треба да обрнете внимание
Кога станува збор за здрав избор, за повеќето од нас маслиновото масло е „светиот грал“. Од
подобрување на вкусот на салатите до додавање на совршен италијански допир на тестенините и
егзотичните деликатеси, маслиновото масло е клучен дел од нашето секојдневно готвење, но што
ако го земеме предвид фактот дека на пример 80% од пазарот со маслиново масло е измама .
Всушност, цените на маслиновите масла на полиците во маркетите се повисоки од кога и да е
претходно, а не сме сигурни дали и покрај високите цени, маслото што го купуваме е навистина
чисто, екстра девствено и здраво.
Многу познати и скапи масла се мешаат со поевтини сорти на масло или се подготвуваат со низок
принос, што потоа го отежнува одредувањето на чистотата на маслиновото масло.
Не е ни чудо што идентификацијата на чистотата на маслиновото масло може да биде малку незгодно, но постојат неколку едноставни трикови кои може да се користат за да се провери квалитетот на маслиновото масло за да се осигурате дека нема да консумирате некоја мешавина која е далеку од чисто маслиново масло и далеку од здрава.
Како можете да бидете сигурни во чистотата на маслото?
Маслиновото масло се добива од свежи маслинки, кои поминале низ процес на рафинирање, а
поради високиот антиоксидативен состав, вака произведените маслата се сметаат за едни од
најздравите врвни масла.
Маслиновото масло може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, како и нивото на ЛДЛ, да го намали ризикот од срцеви заболувања и да помогне во борбата против воспаленијата.
Сепак, на пазарот има зголемен прилив на лажно и евтино квалитетно маслиново масло, каде што
маслиновото масло се меша со евтино масло од соја за да се намалат трошоците за производство.
Во некои случаи, старите залихи на маслиново масло се пакуваат во нови шишиња и се продаваат
по многу високи цени.
Има работи што треба да ги знаете и правите за да не бидете измамени кога купувате маслиново
масло.
Никогаш не купувајте масло на кое на етикетата не пишува „екстра девствено“.
Ниту тоа не е гаранција за квалитетно масло, но без него бидете аигурни дека „секогаш ќе добиете
производ со низок квалитет“, вели Лари Олмстед, автор на книгата „Real Food Fake Food“ („Вистинска храна лажна храна“).
Побарајте го датумот на берење на маслинките.
Генерално, колку повеќе информации има на етикетите, толку подобро, пренесува Epicurious.
Ако на етикетата стои името на производителот или сортата на употребената маслинка, голема е
веројатноста дека е оригинално.
Игнорирајте го датумот „најдобар до“. Тој е произволен и нема никакви правни стандарди.
Побарајте сертификациски печат од трета страна.
Особено, тоа се однесува на заштитената ознака на потекло.
Ако видите дека маслото се произведува во Австралија или Чиле, купете го.
Австралија има најстроги стандарди и многу напреден систем за тестирање, а ниту една земја не го
меша маслото од претходната берба, според Олмстед.
Не паѓајте на фенси пакување и висока цена.
Евтиното масло е црвено знаме, но скапото не значи автоматски квалитет.
Верувајте им на вашите сетила.
Лажното маслиново масло може да биде масно, ужегнато, невкусно или едноставно непријатно.
Доброто маслиново масло, вистинското маслиново масло, треба да мириса добро.
„Ако има добар вкус, веројатно е добро“, вели Олмстед.
Бидејќи во маркет не можете да го пробате, сепак откако ќе ги прочитате етикетите и же одберете
едно, продолжете со проверките и дома за да бидете сигурни за следниот пат.
Кога ќе го истурите треба да има темно зелена боја, а кога ќе го вкусите, вкусот треба да му биде
остар.
Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може да го
подобри и здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданти и
витамини и значително помалку е преработено.