Како до бесплатен ѓумбир? (ВИДЕО)

Фото: Pixabay
96

Садењето ѓумбир е исклучително лесно и можете да го видите тоа во видеото подолу.

Многу се зборува за здравствените ефекти на ѓумбирот и сите веќе добро знаеме колку е овој корен корисен за нашето здравје, но повеќето од нас сепак ќе се одлучат за  ѓумбир купен  од пазар или од продавница отколку што ќе го одгледуваат  сами.

Но, ако го погледнете видеото подолу, ќе видите дека садењето ѓумбир е исклучително лесно.

Сè што ви треба е саксија, вода и корен од ѓумбир. Бидејќи коренот од ѓумбир е луковица и малку разгранет, изберете го оној што има повеќе гранки, а ако нема многу, искршете го коренот на повеќе „прсти“ за да добиете повеќе плодови.

 Исто така, треба да  го полевате често со вода и да го чувате на  топло  и умерено сончево место.

Зелените изрстоци од ѓумбирот можат да пораснат од 60 до 120 цм. Оставете  да растат три до пет месеци пред да ги ископате.

Всушност, откако ќе процвета и стебленцата ќе поруменат, ѓумбирот е готов за консумација.