Како лесно и брзо да ги избелите јајцата за Велигден и да ги подготвите за најубавите шари

Фото: Pexels
4.211

Белите јајца ја задржуваат бојата подолго и подобро, па ако имате кафени јајца, еве како лесно да ги избелите.

Се ближи Велигден, а по традиција на Велики петок се бојадисуваат јајца. Вредните домаќинки веќе „крстарат“ по интернет во потрага по идеи како да ја подготват велигденската трпеза, ги бараат најдобрите рецепти за слатки и сoлeни jадења, а бараат и нови техники за боење јајца. Има многу идеи, можете да користите овошје, зеленчук и зачини за прекрасни пастелни нијанси… Интересна е и техниката со чај од хибискус, со која добивате велигденски јајца кои личат на ѕвезденото небо.

Кога ги избирате јајцата што ќе ги бојадисате за Велигден, треба да знаете и дека боите подобро се фаќаат на белите во споредба со „обичните“, кафените јајца. Но дури и ако не можете да најдете кафени јајца на време, има решение. Сѐ што ви треба е малку трпение и волја. За да ја добиете најубавата боја ќе треба прво да ги избелите јајцата.

Прво, ставете ги јајцата во тенџере во кое ќе ставите вода и оцет во еднакви размери. Ако налеете 500 мл вода, додадете 500 мл оцет. Потоа ставете ги да се варат, а кога ќе почнат да вријат, на површината ќе се појави кафеава пена. Мора постојано да ја вадите. Јајцата се варат откако ќе зовријат уште 10-12 минути. После тоа, внимателно префрлете ги во сад полн со ладна вода и оставете ги таму околу 5-7 минути. Потоа секое јајце исплакнете го со млаз вода и добро исчистете го со стара четка за заби додека не побели. Внимавајте при чистењето да не притискате премногу за да не пукне лушпата.

И тоа е сѐ.