Како Никола Јокиќ ослабел 14 кг за еден месец? Во што е тајната на славниот кошаркар?

Фото: Фејсбук
746

Фитнес тренерот Стив Хес одиграл клучна улога во овој процес, создавајќи специјална диета која го довела Јокиќ во топ форма. Никола Јокиќ ги отстрани овие намирници од исхраната и за еден месец ослабе 14 килограми

Додека го гледате Никола Јокиќ на теренот, сигурно се прашувате како успева да ги издржи сите тие напорни тренинзи и натпревари.

Тајната е во здравите оброци кои се вклопуваат во спортскиот начин на живот. Сепак, не е тајна дека кошаркарот на рана возраст имал вишок килограми, па диетата била единственото решение, пишува Gloria.rs.
„До пред неколку години бев дебел. Сакав да јадам сè и не одбивав ништо. Јадев сѐ, колачи, манџа, жолта супа со малку повеќе маснотии“, рекол Никола.

На убедување на неговиот татко, тој почнал да тренира кошарка, а транзицијата во НБА целосно му го промени животот.

Со помош на диететичари и фитнес тренери, за 42 дена успеал да изгуби 14 килограми.

Фитнес тренерот Стив Хес одиграл клучна улога во овој процес, создавајќи специјална диета која го довела Јокиќ во топ форма.

„Мислам дека губењето на таа тежина е една од најдобрите работи што сум ги направил во мојата кариера.

Хес ми помогна да ја балансирам тежината и сега јадам шест до осум пати на ден.

Протеински шејкови, салати, пилешко, риба и сѐ што е подготвено на здрав начин“, открил Јокиќ.

Диетата на Никола Јокиќ прави чуда, а неговата исхрана сега се фокусира на балансиран внес на протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук, како и контролирано внесување на здрави масти.

Не јадам глупости, слатки, мрсно и зачинето“, открил кошаркарот.