Како печените црвени пиперки не штитат од разни штетни соединенија

Фото: Pexels
762

Црвените пиперки содржат бета-криптоксантин, соединение кое телото го претвора во витамин А. Истражувањата покажуваат дека храната богата со бета-криптоксантин може да помогне во намалување на ризикот од рак на мочниот меур, рак на белите дробови и рак на дебелото црево.

Пиперките се богати со витамин Ц, особено црвените пиперки. Црвената пиперка е најслатка бидејќи најдолго се задржува на лозата, а печените црвени пиперки, покрај нивниот сладок вкус и кадифена текстура, се нискокалорична храна или додаток на оброк полн со хранливи придобивки. Црвените пиперки се богати со хранливи материи – витамини и минерали, а околу 100 грама печени црвени пиперки содржат само 25 калории по порција, не содржат нездрави масти или холестерол и имаат по 1 грам диетални влакна и протеини.

Здравствени придобивки од пиперката
Црвените пиперки содржат витамин Ц, витамин А, витамин Б6, витамин Б9, витамин Е, калиум, манган… Истражувањата покажуваат дека овие хранливи материи можат да:

Го чуваат здравјето на мозокот – Црвениот пипер содржи антоцијани – природни соединенија од кои потекнува црвената боја. Овие пигменти, кои се наоѓаат во темноцрвените или виолетови плодови, можат да имаат заштитен ефект врз мозочните клетки. Истражувањата покажуваат дека антоцијаните можат да помогнат во забавување на проблемите со меморијата и когнитивното оштетување кое доаѓа со стареењето. Храната богата со антоцијани е поврзана со подобра меморија кај постарите лица. Експертите велат дека не постои сигурен начин да се избегне падот на когнитивните способности, но јадењето црвени пиперки може да му ги обезбеди на мозокот хранливите материи што му се потребни за да функционира најдобро.
Ја ублажуваат болката од артритис – ‘Рскавицата ги обложува/ги покрива краевите на коските и го спречува нивното триење една со друга. Остеоартритисот, најчестиот тип на артритис, е резултат на воспаление и влошување на ‘рскавицата. Многу луѓе развиваат остеоартритис како резултат на нормалното абење на ‘рскавицата, но вистинските хранливи материи, како некои што се наоѓаат во црвените пиперки, можат да помогнат во ублажување на болките во зглобовите. Црвените пиперки содржат голема количина на витамин Ц, кој ги подмладува ткивата, вклучително и ‘рскавицата. Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц помага да се намали болката од артритис на коленото. Црвените пиперки содржат и антиинфламаторни соединенија, кои исто така можат да помогнат во ублажување на симптомите на остеоартритис.
Го одржува здравјето на дебелото црево – Возрасните треба да консумираат 25 до 35 грама влакна секој ден, а исхраната богата со влакна има многу придобивки, како што се помека столица и полесно празнење на дебелото црево. Влакната помагаат да се спречат дигестивни проблеми како што е запек, па дури и може да помогнат во спречување на рак на дебелото црево.
Помагаат во спречување на рак – Црвените пиперки содржат бета-криптоксантин, соединение кое телото го претвора во витамин А. Истражувањата покажуваат дека храната богата со бета-криптоксантин може да помогне во намалување на ризикот од рак на мочниот меур, рак на белите дробови и рак на дебелото црево. Бета-криптоксантинот е антиоксидант кој ги штити клетките од промени кои можат да предизвикаат развој на рак.

Зошто црвените пиперки се похранливи од другите?
Црвената слатка пиперка се смета за поздрава и похранлива од другите. Пиперките од сите бои имаат нутритивни придобивки, но црвените пиперки може да имаат повисоки нивоа на антиоксиданти и фитонутриенти бидејќи се позрели од жолтите или зелените пиперки. Како и другите зеленчуци, пиперките природно содржат мали количини шеќер, а црвените пиперки, на пример, се послатки од жолтите и зелените пиперки, додека зелените пиперки може да бидат малку горчливи. Пиперките се богати со витамин Ц, особено црвените пиперки, а истовремено се и најслатки бидејќи најдолго се задржуваат на лозата. Зелените се незрели и имаат погорчлив вкус, додека жолтите и портокаловите обично се на „пола пат“ помеѓу црвените и зелените.

Според Националниот институт за здравје (NIH), половина чаша сирови црвени пиперки обезбедуваат 95 милиграми витамин Ц, што е 106 проценти од препорачаната дневна вредност за возрасни и деца на возраст од 4 години па нагоре. Исто така, половина чаша сирова црвена пиперка може да обезбеди 117 микрограми ретинол, форма на витамин А, што е 13 проценти од препорачаната дневна потреба. Оваа форма на витамин А, која ја содржат портокаловата и црвената пиперка, се нарекува бета каротен, кој телото го претвора во активна форма на витамин А. Бета каротенот е она што им дава на овие пиперки портокалова и црвена боја.

„Заштитната“ улога на печениот црвен пипер
Порција од околу 100 грама печени црвени пиперки содржи 140 милиграми натриум, 35 ​​отсто од дневниот препорачан внес на витамин А, 80 отсто од дневната препорачана количина на витамин Ц и 15 отсто од дневната доза на калциум. Ако сами си печете пиперки дома, може значително да го намалите количеството на натриум со тоа што нема да им додадете сол на пиперките.

Поради високата концентрација на витамините А и Ц, печените црвени пиперки се богат извор на антиоксиданти кои ги спречуваат штетните слободни радикали да ги оштетат клетките. Како што покажува нивната светло-црвена боја, црвените пиперки се богати со пигментот бета-каротен, кој нашето тело го претвора за време на процесот на варење во ретинол – форма на витамин А. Витаминот А е неопходен за здравјето на очите и одржување на здравата кожа, мембраните и меките ткива, додека витаминот Ц го поддржува имунолошкиот систем, а витамините А и Ц заедно му помагаат на телото да се опорави од повредите.

Печените црвени пиперки би требало да се јадат во текот на целата година

Како храна со малку маснотии, низок холестерол и богат вкус, печените црвени пиперки треба да се воведат во нашата редовна исхрана, не само во текот на сезоната есен/зима. Со оглед на тоа што се нискокалорични и имаат добар вкус, има помала потреба да додадете дополнителни масти или сол за да направите вкусно јадење. Кај нас печените црвени пиперки се јадат како салата, со додавање на лук, оцет и масло, се похуваат, а од нив се прават и ајвар или пинџур… Сепак, нутриционистите советуваат печените црвени пиперки да се додаваат и во сендвичи, како и во салати со друг мешан зеленчук.