Како се одгледува лимон од семки?

Фото: Pixabay
540

Дали вреди да се одгледува лимон од семки? Секако дека вреди! Ако имате време и трпение, ако сакате растение кое ќе расте заедно со вашите деца или внуци, одгледувањето лимони од семки е вистинската работа за вас.

Кога животот ви дава лимони, направете лимонада? Или, кога животот ќе ви даде лимони, одгледајте сами свое лимоново дрво. Всушност, кога животот ви дава лимони, можете да ги направите и двете. Иако многу производители на овошни садници ќе ве убедат дека не вреди да одгледувате лимони од семки, вистината е сосема поинаква.

Што треба да знаете: Лимонот израснат од семки може да биде целосен погодок, но и не мора да биде. Станува збор за чиста генетска лотарија, бидејќи кога ќе посееме семе од сортен лимон, од него ќе произлезат генетски различни овошни дрвја.

Можеби во споредба со родителското растение, вашиот расад ќе даде повкусни и побројни плодови, а можеби неговите плодови ќе бидат суви, со дебела кожа и малку на број. Но, и во тој случај, можете да уживате во прекрасното растение. Ако имате среќа, можете да добиете лимон кој по квалитети ќе ја надмине матичната билка, па можете да го размножувате вегетативно за да ја зачувате и раширите сопствената сорта.

Дрво што расте со семејството
Лимонот израснат од семе е тајна додека сѐ додека не се добие плод за разлика од пресадениот лимон од расадник. Бидејќи пресадениот лимон е генетски идентичен со растението од кое е земен расад, па знаеме што да очекуваме од него.

Дополнително, лимонот од семка мора да ги помине сите животни фази, од „детството“ до „возрасната“ плодна возраст во која ќе вроди со плод, а ова растење може да потрае од неколку до дури 15 години.

Затоа, ако имате трпение и особено ако сакате симболика, одгледајте растение кое ќе расте заедно со вашите деца или внуци.

Како да посеете лимон?
Отстранете ги семките од здрав и цврст лимон.
Исплакнете ги семките со вода и оставете ги нежно да се исушат на хартиена салфета ден или два. Семето од лимон не толерира долготрајно сушење и пресушување.
Во претходно подготвените саксии со дијаметар од десет сантиметри ставете посув супстрат, може да биде и готова подлога за кактуси, но добра ќе биде и секоја смеса од тресет без големо количество додадено ѓубриво.
Засадете ги семињата на длабочина ос 2,5 сантиметри во подготвената подлога.
Ставете вода и чувајте на температура повисока од 21°C.
За неколку недели, вашата билка би требало да изникне.