Kако секогаш да ја купите најдобрата лубеница? Заборавете на потчукнувањето

Фото: Pexels
254

Секоја лубеница звучи шупливо и со потчукнување е тешко да се препознае дали е плодот доволно зрел и сладок, велат производителите. Но затоа има други трикови со кои можете да ја одберете најдобрата лубеница

Ова омилено овошје е хит на летните трпези, па затоа повеќето луѓе не поминуваат ниту еден ден без да го пробаатовој сладок, црвен плод. Сепак, без разлика колку се вкусни и здрави, проблемот со лубениците е што не знаете што имате додека не ја донесете дома и не ја исечете на парчиња.

Бидете искрени, колку пати сте се вратиле од продавница или пазар убедени дека носите зрела и слатка лубеница дома, само за да сфатите при првото сечење дека сте погрешиле и дека во рацете имате овошје кое нема вкус ниту мирис.

И постојано се појавуваат нови совети за тоа како да ја одберете најдобрата лубеница.

Еден од поновите е т.н. правило на два прста.

Видеото со овој совет е објавено на Тик-Ток, а за кратко време стана вирално и е прегледано неколку милиони пати. Многумина тврдат дека овој метод им помогнал конечно да ја пронајдат идеалната лубеница.

@mckaybray

It worked, so sweet🍉🫡 Apparently, to find a sweet watermelon, the lines need to be 2 fingers apart!

♬ original sound – user68168578745

Трикот со два прста
Трикот е многу едноставен: додека бирате лубеница, спојте ги показалецот и средниот прст и ставете ги на темнозелениот дел од кората, точно помеѓу двете посветли (бели) ленти. Ако ширината на темниот дел помеѓу лентите се совпаѓа со ширината на вашите прсти – лубеницата треба да биде совршено зрела, слатка и сочна. Секако, со оглед на тоа што сите прсти не се исти, важно е да гледате темниот дел да е што поширок.

Логиката зад овој трик се базира на фактот дека пошироките зелени ленти укажуваат на подолга изложеност на сонце, што му дава на овошјето повеќе време да ја развие својата сладост и вкус.

Според експертите за овошје и зеленчук, „правилото со два прста“ може да биде многу корисно, особено ако купувате цела лубеница што не можете да ја пробате пред да ја купите. Сепак, тие предупредуваат дека не треба да се потпирате само на овој метод.

Која е најдобра
Сепак, постојат и други начини да откриете која лубеница е најдобра.

Според производителите, наједноставно е да ја земете лубеницата во рака и да ја превртите. Треба да ја погледнете страната каде што лубеницата лежела на земја, таа дамка мора да биде жолтеникава. Колку е пожолта, толку е позрела лубеницата.
Луѓето обично сакаат да ја чукаат и да слушаат дали звукот е тап или остар, но не сме сигурни дека знаат која е разликата? Според нив, секоја лубеница звучи шупливо, а совршената лубеница ќе ја препознаете по бојата на кората и по онаа жолта дамка на долната страна од лубеницата.