Како варените јајца да се лупат магично лесно?

Фото: Pexels
7.198

Понекогаш варените јајца толку тешко се лупат што или ќе ви се одјаде додека да ги излупите или пола јајце ќе остане на лушпата…Има многу едноставен трик

Варените јајца се вкусни сами по себе, но и суштинска состојка во зелената салата или салатата со туна. Без разлика како претпочитате да ги користите варените јајца, лупењето може да биде незгодно. На сите ни се случило да се мачиме долго со лупење на варените јајца или пак дел од јајцата да ни се откинуваат и да останат залепени на ситните парченца лушпата. Веројатно постојат и други кујнски трикови за да се олесни лупењето на варени јајца – но овој е едноставно најдобар! Како? Па само додадете малку масло во тенџерето во кое ги варите јајцата.

Да, точно е дека маслото и водата не се мешаат, но тоа не е неопходно за овој трик за лупење јајца. Па, како функционира? Јајцата имаат порозна лушпа, а маслото може да навлезе во тој тврд надворешен слој. Тогаш се случува магијата: маслото ја одвојува лушпата од мембраната и јајцето, што го олеснува совршеното лупење на вашите варени јајца речиси секој пат.

За да функционира овој трик, доволна е една лажица масло, затоа не користете премногу. Не е важно кое масло ќе го користите за оваа намена. Ви препорачуваме да не го користите најдоброто маслиново масло или маслото од тартуфи бидејќи само ќе го истурите во одводот откако јајцата ќе се сварат.

Започнете со зовривање на вода со масло во тенџерето. Кога ќе зоврие, внимателно додајте ги јајцата во зовриената вода за предвреме да не испука лушпа. Сите ние имаме свој начин на варење јајца, како на пример да ги оставиме да се варат непокриени две до три минути за меко варени или 10 до 13 минути за тврдо варени, или да ги покриеме и да го оставиме варењето да ја заврши работата.

Без разлика каков е вашиот метод на варење, откако јајцата ќе се сварат, време е за лупење! Пробајте го овој трик.