Како влијае телесната тежина на дијабетот?

236

Според некои студии, дури 80-85% од вкупниот ризик за појава на дијабет се должи на прекумерната телесна тежина која може да го наруши ефектот и синтезата на инсулин во телото.

Храната денес е присутна речиси на секој чекор, и тоа релативно евтина и калорична. Вака достапната храна ни овозможува да внесуваме 2 до 3 пати повеќе калории од дневните потреби. Нејзината достапност, високото ниво на преработка и нејзината калоричност придонесуваат за појава на низа здравствени проблеми, пред сè, прекумерна тежина, која често оди рака под рака и со дијабетот.

Според некои студии, дури 80-85% од вкупниот ризик за појава на дијабет се должи на прекумерната телесна тежина која може да го наруши ефектот и синтезата на инсулин во телото. Во некои случаи, се создава значително количество инсулин, но тоа сепак не е доволно за да одговори на потребите на организмот, па доаѓа до покачени нивоа на шеќер во крвта.

Телесната тежина и компликациите од дијабетот

Се смета дека намалување од само 5% на телесната тежина, придонесува за значително помал ризик за појава на компликации кај лицата со дијабет тип 2.

Доколку намалувањето на телесната тежина е доволно значително, дијабетот тип 2 може да се доведе до ремисија, односно да дојде до враќање на оптимална, здрава функција на инсулинот и одржување на шеќерот во крвта во препорачаните граници. На овој начин понекогаш може да дојде и до исклучување на терапијата во целост. Дополнително, слабеењето го олеснува и секојдневниот живот и извршувањето на обврските. Нашето спиење ќе се подобри, нивото на енергија ќе се зголеми, а ќе бидеме и во подобро расположение. Сето ова може да придонесе кон уште полесно губење на остатокот на вишок килограми, бидејќи и физичката активност и движењето дополнително ќе се олеснат.

Намалувањето на телесната тежина може да влијае позитивно врз дијабетот и преку:

– зголемување и подобрување на инсулинската сензитивност,

– подобри резултати при мерењето на тромесечниот шеќер,

– намалување на притисокот и нивото на холестерол во крвта (добро познати здравствени проблеми кои често одат рака под рака со дијабетот тип 2),

– намален ризик за кардиоваскуларни заболувања,

– намален ризик за спиечка апнеа.

Здравата исхрана е еден од првите чекори коишто треба да се преземат, како и здравите животни навики, кои вклучуваат редовна физичка активности и здраво спиење. Избегнувањето на процесирана храна, која содржи додадени и скриени шекери, како гликозен (пченкарен) сируп, или пак т.н. хидрогенизирани масти кои се познати и како транс-масти, е исто така важно за здравјето.

Лист од бела дудинка за регулирање на шеќерот и полесно слабеење


Покрај водењето сметка за разновидноста на исхраната и рамномерниот внес на хранливите материи, природата ни дарила и многу билки и растенија кои имаат посебни својства коишто придонесуваат за регулирање и нормализирање на шеќерот во крвта.

Според повеќе клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250 mg. Најдобриот ефект е забележан кај малтодекстринот, полисахарид од пченкарниот скроб, каде ГИ (гликемискиот индекс) се намалил за дури 55%. Други студии покажуваат дека овој екстракт го намалува нивото на глукоза по јадењето за 42%, што понатаму води кон намалување на инсулинските нивоа за 41%.

Како резултат на пониските нивоа на инсулин, телото полесно ги „согорува“ резервните маснотии и го намалува претворањето на глукоза во масно ткиво. На овој начин, екстрактот од листот на белата дудинка индиректно помага и во процесот на слабеење.