Калинката е богата со витамини, но не треба да се консумира со одредени лекови

Фото: Unsplash
541

Калинката е едно од најздравите овошја кои можете да ги вкусите во текот на оваа сезона, но може да биде и опасна. Комбинацијата на калинка и статини може да предизвика рабдомиолиза, сериозна состојба која вклучува распаѓање на мускулните влакна и можна бубрежна инсуфициенција.

Калинката е едно од најздравите есенски овошја, кое е богато со витамини, минерали и антиоксиданти, а дава различни здравствени придобивки.

Сепак, експертите нагласуваат дека е потребно да се внимава бидејќи не треба да се меша со одредени лекови, пишува Verywell Health.

Покрај уживањето во семките, сокот од калинка е уште еден производ од ова овошје кој содржи повеќе од 30 хранливи материи и биолошки активни супстанции, вклучувајќи антиоксиданти, фенолни соединенија и минерали како што се калиум и магнезиум.

Благодарение на својот одличен состав, калинката придонесува за постигнување подобрување во различни здравствени области. Еве зошто редовното консумирање семки или сок од калинка е корисно.

Здравје на срцето и намалување на крвниот притисок

Калинката е богата со полифенолни соединенија кои имаат корист за здравјето на срцето. Симбиозата на соединенијата со кои изобилува, последователно го намалува крвниот притисок, таложењето на плак и болката во градите.

Една неодамнешна студија покажала дека сокот од калинка го намалува систолниот крвен притисок кога се консумираат околу 300 мл дневно, но поголемите количини не резултирале со некои долгорочни придобивки за крвниот притисок.

Намалување на воспалението

Калинката може да се користи и како дополнителна помош при состојби како што се воспалителна болест на цревата (IBD) и ревматоиден артритис (РА).

Оваа моќ главно се припишува на соединенијата наречени пуникалагини, за кои е докажано дека имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Превенција на инфекции

Воспалението е дел од имунолошкиот одговор на инфекција. Истражувањата покажуваат дека сокот од калинка може да помогне во заштитата од инфекции.

Во една студија, луѓето на дијализа имале помалку хоспитализации поради инфекции и помалку знаци на воспаление. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие тврдења.

Покрај горенаведеното, калинката помага во контрола на забниот плак, спречува дијабетес, болести на бубрезите или состојби поврзани со белите дробови.

Сепак, калинката не е толку безопасна како што изгледа.

Експертите велат дека никогаш не треба да се консумира доколку користите одредени лекови, како што се статините (лекови за намалување на холестеролот).

Комбинацијата на калинка и статини може да предизвика рабдомиолиза, сериозна состојба која вклучува распаѓање на мускулните влакна и можна бубрежна инсуфициенција.