Овој оброк-салата можете да го послужите како прилог или самостојно, во зависност од приликата.
Овој оброк-салата е поголем по количина и може да се чува во фрижидер два до три дена. Јадењето е исклучително малку масно и богато со растителни влакна.
Ако сакате кога е готово да има вкус на освежителна салата, можете да го прелиете со маслиново масло и оцет или сок лимон или кој било друг прелив што го сакате.
Состојки:
1 лажица маслиново масло
кромид, исечен на прстени
3 чешниња лук
1/3 шолјичка киноа
шолјичка ипол супа од зеленчук (или вода)
лажичка мелен ким
1/2 лажичка кајенски пипер
сол и бибер
шолјичка конзервирана пченка
2 лименки грав
1/2 шолјичка свеж сечкан магдонос.
Подготовка:
Загрејте го маслото на средна топлина и пропржете ги кромидот и лукот додека не добијат светло кафена боја.
Измешајте ја киноата во пржениот кромид и лукот и истурете ја супата од зеленчук, зачинете со ким, кајенски пипер, сол и бибер. Намалете ја топлината и динстајте околу дваесет минути додека течноста не испари или додека киноата не се свари.
Кога киноата ќе се свари, додадете ги пченката и гравот и посипете со магдонос.