Киноата се нарекува „Злато на Инките” и „кралица на семките”. Oваа псевдо житарка може да донесе многу придобивки за организмот, а ако си сварите поголема количина, можете со неа да подготвувате брзи и здрави солени и слатки оброци
Златото на инките – киноата, содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Токму затоа е и одличен избор за луѓето кои избегнуваат месо. Хемиските анализи на киноа семето покажуваат дека тоа е можеби единствен растителен, протеински извор кој ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини (кога зборуваме за есенцијални аминокиселини, тогаш подразбираме аминокиселини кои телото самостојно не може да ги произведе). Киноата се вбројува и помеѓу најдобрите протеински, растителни извори и во однос на количината на достапните протеини, па одредени видови содржат и над 20% протеини. Затоа, ако постите или сте вегетаријанец, не заборавајте да ја вклучите во вашата исхрана. Покрај ова, киноа семето содржи и сложени јаглехидрати, солидни количества на растителни влакна, малку маснотии и низа витамини.
Традиционалната медицина ја користи за лекување на гихт, тумори, хемороиди и ишијас. Полна е со витамини и аминокиселини кои го подобруваат метаболизмот, го чистат организмот и ја нормализираат неговата функција.
Придобивките од киноа
Киноата содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Богата е со витамини Е, Ц, калиум, разни минерали, аминокиселини и есенцијални масла.
Чајот од киноа исто така може да се користи за дезинфекција на устата и непцата, има смирувачки ефект и се користи за лекување на депресија и нервоза.
Ако имате кашлица или настинка, киноата е во состојба да ги ублажи овие симптоми.
Оваа билка се користи и како лаксатив и има моќ да лечи хроничен запек.
Народната медицина ја користи киноата и за лекување на заболувања на кожата, ревматизам, а поради високата содржина на калиум, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем.
Еден оброк со киноа обезбедува околу 20% од дневните потреби за антиоксидативниот витамин Е, кој во истражувањата се поврзува со намалениот ризик од коронарни срцеви заболувања, одредени малигни заболувања и од заболувања на очите. Минералот селен кој киноата го има во доволни количества, исто така поседува моќни анитоксидативни својства.
Киноата како кулинарско чудо
Вегетаријанците знаат за што зборуваме кога ќе кажеме дека киноата е вистинско кулинарско чудо. Ако се додаде во зелка, компири или друг зеленчук, ќе ја почувствувате полнотијата на вкусот.
Со неа можете да направите и целосен оброк во форма на салата.
Сварете си поголема количина која потоа можете да ја чувате во фрижидер и да подготвувате и солени и слатки варијанти.
На пример, оваа салата – оброк содржи една шолја сварена киноа, 3 полни лажици варен црвен грав, неколку потпечени шампињони, рукола, ротквици и листови од ротквици и прелив од таан, лимон и вода.
Наместо овој прелив можете да користите маслиново масло и сок од лимон или оцет балсамико.
Во слатка варијанта киноата можете да ја јадете во комбинација со лажица мед и сушени брусници.