Кивито ги намалува триглицеридите

Фото: Pexels
44

Редовното консумирање на свежо киви го намалува количеството триглицериди во крвта за 15 проценти, го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали и ги отстранува токсините од телото.

Кивито го добило своето име затоа што неговата боја и облик потсетуваат на птицата киви. Татковината на кивито е Кина, од каде што се прошири низ целиот свет. Познати се многу лековити својства на кивито.
Кивито го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок и варењето на храната, а помага и во лекувањето на респираторни заболувања, главоболки и стрес.

Многу е вкусно и здраво, вистинска ризница на витамини, особено Ц, А, Е, К и Б комплекс, како и минерали – калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо.

Кивито се користи свежо, како и за подготовка на колачи, џемови и лековити напитоци. Благодарение на своите висококвалитетни состојки, го зајакнува имунитетот, штити од настинки, го регулира крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и тумори, а помага и против главоболки и стрес.

Кивито исто така го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали и ги отстранува токсините од телото. Редовното консумирање на свежо киви го намалува количеството триглицериди во крвта за 15 проценти, а ова корисно овошје помага и во заздравувањето на раните, одржувањето на здрави коски, заби и непца, како и во апсорпцијата на железо, а има и позитивен ефект врз дигестивниот систем бидејќи одржува рамнотежа помеѓу корисните и штетните бактерии во цревата.

Поради богатата содржина на витамин Ц и овошни киселини, кивито е честа состојка во производите за нега на лице и тело.