Кога млада домаќинка ќе си прилагоди рецепт за мафини… Одличен начин да го искористите локумот пред да му помине рокот

398

Понекогаш кога човек нема многу време зашто му се најавиле гости, станува уште поинвентивен. Така и нашата млада читателка Јана

Кога ќе им се пријаде на домашните нешто благо, а таа е во елемент за готвење, нашата млада домаќинка и читателка Јана Русевска, навистина прави чуда.

Не е дека прави баш од глава, ама ги прилагодува веќе испробаните рецепти и потоа само „филува“. Последниот изум ѝ е колачот направен по основниот рецепт за мафини, со тоа што, наместо еден куп шеќер (250 грама), како што е според рецептот, таа нашла начин да намали со количината на шеќер во тестото, ама и да го искористи локумот кој онака клот, слабо се јаде. Дополнително е интересно и тоа што кога ролатот ќе се исече, локумот внатре му дава уште поинтересен изглед.

Инаку, оригиналниот и основен рецепт по кој таа го направила колачот е за мафини:

Состојки:
2 средни јајца
125 мл масло
250 мл млеко
250 г кафеав шеќер (Јана ставила 100 грама и плус неколку парчиња локум по должината на колачот.
400 г брашно

3 лажички прашок за пециво
1 лажичка сол
100 г чоколадни чипсови или сушено овошје, како на пример, суво грозје или сечкани ореви.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200C. Обложете 2 долгнавести тесни плехови за леб со хартија за печење.

Во голем сад изматете ги јајцата, па додадете ги маслото и млекото и матете додека да се соедини, потоа додадете го шеќерот и изматете повторно.

Се просејува брашното и се меша со 1 лажичка сол и 3 лажички прашок за пециво, па се меша додека не се изедначи. Внимавајте да не го мешате премногу долго тестото.

Ако користите, промешајте 100 гр чоколадца или сушено овошје.

Наполнете ги калапите до некаде, а потоа наредете ги по должина локумите (секако, тие не се неопходни, само ако ги имате и знаете дека ако не ги искористите, ќе им помине рокот), па одозгора дподадете го остатокот од смесата и печете 20-25 минути додека не нарасне.

Оставете ги во калапите да се изладат неколку минути и префрлете ги потоа на тацна, па кога ќе се изладата сосема, послужете.