Кој не треба да користи увин чај и колку најмногу смееме да го пиеме кога имаме уринарна инфекција?

Фото: Pexels
360

Интересно е тоа што увиниот чај не треба да се комбинира со брусница во која било форма, бидејќи тоа ќе ги уништи неговите корисни својства.


Увиниот чај се користи во народната медицина уште од многу одамна. Билката Ува е позната и како медветка, мечкино грозје, горник, црвена планика, мечкино уво…

Му се припишуваат корисни својства кои, според некои записи, му го спасиле животот и на познатиот Гете.

Кои корисни материи ги содржи увата и како правилно да се подготват листовите за ува чај

Овој чај се подготвува од листовите на растението Uva Ursi (Arctostaphylos Uva-Ursi), кое има горчлив вкус.

Содржат голем број корисни состојки, меѓу кои водечки се витамините Б и Ц, железо, калциум, калиум, магнезиум, хидрохинон, танин, галотанин, флавоноиди, фенолни гликозиди.

Сите овие супстанции имаат антисептично и диуретично дејство, поради што чајот може да помогне во процесот на елиминирање на бактериите од уринарниот систем и ублажување на воспалителните состојби.

Експертите за традиционална медицина предлагаат чајот да се конзумира во големи количини (најмалку литар и пол дневно) и да мокрите што почесто.

Интересно е што увиниот чај не треба да се „меша“ со брусница во ниеден облик бидејќи овие мали, црвени плодови го уништуваат ефектот на неговите корисни својства.

За какви проблеми може да помогне увиниот чај?

Увиниот чајот може да ги олесни проблемите предизвикани од песокот и камењата во бубрезите бидејќи влијае на подобро излачување на урината во случаи на инфекции на мочниот меур и уринарниот тракт. За овие проблеми најчесто и се користи.

Лабораториските студии ги истражувале потенцијалните корисни својства на билката.

Арбутин, супстанца која ги елиминира бактериите од уринарните канали и цревата, поттикнува излачување на течности и токсични материи од телото и може да го намали формирањето и таложењето на урична киселина.

Содржи и хидрохинон, кој е ефикасен за заштита на телото од инфекции и за подобрување на имунолошкиот статус.

Колку можеме да пиеме од овој чај и кои луѓе не треба да го пијат?

Експертите велат дека во текот на денот не треба да пиеме повеќе од 3 шолји увин чај.

За да има максимален ефект треба да го консумираме 3-4 недели континуирано.

После тоа, задолжителна е пауза од најмалку еден месец.

Овој режим не треба да го практикуваме повеќе од пет пати во текот на годината.

Несаканите ефекти на чајот вклучуваат:

гадење
повраќање
малаксаност
стомачни болки
дијареа.

Доколку некои од симптомите се појават по консумирањето на чајот, но не исчезнат или се интензивираат, веднаш побарајте стручна помош.

Некои луѓе треба да бидат особено внимателни и да избегнуваат консумирање увин чај.

Тоа се:

жени кои планираат бременост
бремени жени
доилки
оние кои се склони кон тешки алергии (се подразбира и алергични токму на увин чај)
деца под 12 години
луѓе кои страдаат од чир
пациенти со оштетена мрежница и со заболувања на црниот дроб.

Дали овој напиток навистина му го спасил животот на познатиот Гете?
Една од најпознатите приказни за увиниот чај датира од 1805 година и е поврзана со Јохан Волфганг Гете.

Познатиот писател, филозоф и научник добил силна уринарна инфекција која тргнала на лошо, во вид на уросепса.

Лекарите немале решение бидејќи тогаш не постоеле антибиотици, па неговите пријатели пробале се што им текнало.

Изјавите на германските уролози објавени во „World Journal of Urology“ во 1999 година велат дека Гете бил кај доктор со сомнителни квалификации, кој ги лекувал луѓето со растенија. По неговите третмани, Гете живеел уште 27 години.