Кој појадок е најздравата опција, по препорака од експерти?

Фото: Pexels
47

Додавањето овошје и зеленчук во утринскиот оброк може да има значително влијание врз намалувањето на масните наслаги, особено оние во пределот на стомакот.

Протеините се клучни за зачувување на метаболизмот и мускулната маса, особено по 50-тата година од животот, па затоа јајцата, јогуртот, млекото, пилешките гради, туната, овесот, бадемот или урдата се одличен избор за појадок.

Покрај тоа, тие обезбедуваат долготрајно чувство на ситост, па поретко ќе посегнувате по грицки или непотребни меѓуоброци.

Со возраста, метаболизмот се забавува, што го отежнува одржувањето на здрава телесна тежина. Влакната се сојузник во борбата против килограмите бидејќи не додаваат дополнителни калории и обезбедуваат чувство на ситост.

Храната како што се цели зрна, овесна каша, јаболка, брокула, грав и бобинки може значително да придонесе за здравјето и да го олесни варењето.

Додавањето овошје и зеленчук во утринскиот оброк може да има значително влијание врз намалувањето на масните наслаги, особено оние во пределот на стомакот.

Истражувањето објавено во „British Medical Journal Open“ открило дека луѓето на возраст меѓу 35 и 69 години кои ја консумираат оваа храна наутро имаат помал обем на половината.

Поголемите порции зеленчук во текот на денот дополнително помагаат во одржување на здрава тежина.

Вештачките засладувачи можеби звучат какодобра замена за шеќер, но долгорочно можат да му наштетат на вашето здравје. Користењето на овие додатоци во кафето или во чајот може да ја зголеми желбата за шеќер во текот на денот.

Според студија која опфатила 400.000 луѓе, редовното консумирање на вештачки засладувачи е поврзано со вишок килограми, дијабетес и кардиоваскуларни проблеми.

Многумина од нас го започнуваат утрото со кафе, но забораваат на важноста на хидратацијата.

Ако не испиете чаша вода после кафе, може да дехидрирате. Нутриционистката Мелиса Митри препорачува да пиете најмалку една чаша вода со секое утринско кафе за да го подобрите варењето и да го забрзате метаболизмот.