Која храна мора задолжително да се готви, освен месо и јајца

Фото: Pexels
133

Постои мислење дека никулците од различни растенија се јадат сирови. Но, правилото е дека ако се обработува термички растението кое би израснало од никулец, тогаш и неговиот никулец треба термички да се третира. Спротивното важи за плодовите што вообичаено ги јадете сирови, па нивните никулци, може да се јадат сирови.

Знаеме дека треба да избегнуваме сирово месо и јајца, но има и многу други намирници кои дефинитивно треба да се зготват или на друг начин термички да се обработат пред јадење и тоа со добра причина.

Еве кои се тие намирници:

Виршлите се полупроизвод
Виршлите се вообичаен избор за појадок или вечера, а многумина веруваат дека спакуваните виршли се веќе сварени, што не е точно. Тоа е полупроизвод. Во процесот на пренос и складирање, може да собере листерија, опасна бактерија која може да се уништи само со повторно готвење.

Свежо млеко
Иако сме желни за квалитетно млеко, треба да имаме на ум дека свежо измолзеното млеко може да биде извор на контаминација со опасните бактерии, салмонела и ешерихија коли. Овие бактерии се уништуваат со пастеризација, поради што само пастеризираното млеко е целосно безбедно за консумирање.


Компирите предизвикуваат надуеност
Компирите се едни од намирниците кои мора добро термички да се обработат. Во спротивно, може да предизвикаат надуеност и пречки во варењето бидејќи содржат скроб кој не може да се вари. Компирот кој долго стои на влажно и топло место може да позелени, а потоа во него да се развие отровната материја соланин. За среќа, овој отров е термолабилен и се разградува со термичка обработка.

Од патлиџаните демнат алергии
Овој зеленчук е полн со витамини Ц, К, Б6, тиамин, ниацин, фосфор, бакар, магнезиум, диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган, но го содржи и отровот соланин, кој најмногу го има во плодовите на младиот патлиџан. Иако непријатноста би ја почувствувале само доколку изедете поголема количина млад патлиџан, поради потенцијални алергиски реакции тој е поздрав кога е термички обработен.

Внимателно со никулците
Постои мислење дека никулците од различни растенија се јадат сирови. Но, правилото е дека ако се обработува термички растението кое би израснало од никулец, тогаш и неговиот никулец треба термички да се третира. Спротивното важи за плодовите што вообичаено ги јадете сирови, па нивните никулци, може да се јадат сирови. Останатите накратко сварете ги на пареа. Бидејќи никулците се одгледуваат на влажни и топли места, бактериите брзо се размножуваат, па добро исплакнете ги под млаз вода пред јадење.

Горчливиот бадем не се за јадење
Обичните бадеми кои обично ги користиме имаат бројни здравствени придобивки, додека горчливите бадеми содржат водород цијанид, па затоа не треба да се јадат. Најчесто нивниот екстракт се користи во мали количини како додаток за арома на колачи или ликери.