Колач од костени и мед

Фото: Pexels
171

Уживајте во сезоната на костени на најдобар можен начин – направете го овој одличен колач со костени и мед

Сочна, мека, со примеси на есен – оваа торта целосно ќе ве маѓепса. Колачот со костени и мед е полн погодок за сите љубители на сезонските вкусни задоволства.

Подготовката нема да ви одземе премногу време, а ќе уживате во одличните вкусови на слатката есен.

Состојки:

200 г путер

180 г мед

80 г шеќер

3 јајца

300 г брашно

2 лажички прашок за пециво

6 лажици пире од костени

1 прстофат сол


Приготвување:
Најпрво сварете ги костените, а кога ќе бидат готови ставете ги во блендер и претворете ги во пире. Загрејте ја рерната на 170 степени.

Намачкајте го калапот за колач со путер.

Во сад ставете ги путерот, медот и шеќерот и стопете ги на тивок оган.

Изладете. Изматете ги јајцата, а потоа додадете ја смесата шеќер-мед и сè измешајте.

Додадете брашно, сол и прашок за пециво и на крајот додадете го пирето од костени.

Печете околу 50 минути. Кога ќе го извадите колачот од рерна, намачкајте го со мед додека е уште топол.
Пред печењето, тортата можете да ја посипете со омилените јаткасти плодови за да ѝ дадете крцкава површина, а можете да ја послужите со сладолед, со шлаг или сама.