Колач со црно чоколадо и брашно од наут

Фото: Pexels
217

Вкусен, сладок и лесен за подготовка. И најважно од сé, здрав е

Она што е најдобро во овој колач е брашното од наут кое е одлична и многу поздрава замена за белото брашно, бидејќи содржи повеќе нутриенти – витамини, минерали, влакна и протеини. Тоа е исто така помалку калорично и содржи помалку јаглехидрати. Исто така, ова брашно не содржи глутен, па е прифатливо за луѓето со интолерантност кон овој протеин. Некои истражувања покажуваат дека и само делумна замена на брашното од пченица со брашно од наут, кај лица кои немаат проблем со глутенот, може значително да ја подобри нутритивноста на јадењата.

И на крајот, брашното од наут содржи и повеќе протеини, дури и од интегралното пченично брашно. 

Еве го и рецептот:

Состојки:
2/3 шолја стопен путер
1/2 шолја темно чоколадо
3 јајца
3/4 шолја шеќер
1/2 лажичка сол
4 лажици какао во прав
3/4 шолја брашно од наут
1 лажичка инстант кафе

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 175°C. Подмачкајте ја тепсијата за печење.

Растопете ги путерот и чоколадото и убаво измешајте. Во сад се ставаат јајцата и шеќерот и се мешаат со миксер 2 до 3 минути. Додадете ја смесата од темно чоколадо и путер, солта, какаото, брашното и кафето. Добро измешајте и истурете ја смесата во тепсијата за печење.

Печете 30 до 35 минути, извадете ја од рерната и оставете да се излади целосно пред послужување.