Корени што помагаат кај болести на крвните жили, алергии, артритис, одлични и за дијабетичари

Фото: Pexels
207

Овие корени не содржат скроб, туку инулин – сложен јаглехидрат со нула гликемиски индекс

Овие корени кои се кај нас познати како чичока или рокчиња, за разлика од нивниот роднина компир, не содржат скроб, туку инулин – сложен јаглехидрат со нула гликемиски индекс и пребиотски ефект. Оваа карактеристика ги прави погодни за луѓе со дијабетес и сè почест избор во диетите насочени кон регулирање на гликозата и поддршка на здравјето на цревата.

Сепак, чичоките не се само добри за дијабетичари, туку се препорачуваат за секој што е изложен на ризик од кардиоваскуларни заболувања и кријат во себе вистинско богатство. Освен што помагаат при крвни и васкуларни заболувања, алергии, артритис, ревматски заболувања итн., имаат и силни антибактериски и антиоксидантни ефекти.

Потекнуваат од Северна Америка, а денес се одгледуваат низ целиот свет. Имаат многу ниска калорична вредност (79 kcal на 100 g), содржат претежно јаглехидрати, малку протеини и занемарлива количина масти. Ги имаат скоро сите витамини од групата Б и малку витамин Ц. Исто така, содржат минерали како железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, како и есенцијални аминокиселини неопходни за организмот.

Може да се јаде сирови, а можете да ги користите и со додавање во салати.

Овие корени личат на ѓумбир, а бојата им варира од бледо кафеава, розова до бела. Може да се јадат и сирови, а ако се термички обработени, може да се динстаат, да се варат, печат или пржат.

Салата од сирови чичоки:

Состојки:

200 г свежи коренчиња
1 мало јаболко (по можност кисело)
Сок од половина лимон
2 лажици маслиново масло
Сол и бибер по вкус
Свеж магдонос или копар (ситно исечкан)
Малку рендан ѓумбир (по желба)
Подготовка:

Добро измијте ги рокчињата и доколку е потребно, лесно излупете ја (ако кората е подебела). Изрендајте ги на тенки ленти или парчиња.

Изрендајте го и јаболкото или исечете го на тенки стапчиња.

Веднаш прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат и нежно измешајте.

Додадете маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба.

Можете да додадете лажица јогурт за поблаг, покремаст вкус или малку рендан ѓумбир за пикантност.

    Сервирајте ја салатата свежа, како предјадење или лесен прилог. Сировата чичока ја задржува својата крцкава текстура и малку јаткаст вкус, додека лимонот и јаболкото ѝ даваат освежителен шарм.