Кралот на зачините го намалува холестеролот, ја подобрува меморијата, здравјето на црниот дроб и ја зголемува апсорпцијата на нутриенти
Неговото активно соединение ја подобрува биорасположивоста на хранливите материи како што се витамин Б6, селен, бета-каротин
Еден од најпознатите и најкористените зачини во светот, познат по својот остар вкус и арома.
Доаѓа од сувите бобинки на растението Piper nigrum, по потекло од јужна Индија.
Црниот пипер не е само главна намирница во кујната, туку може да се смета и за „крал на зачините“.
Се користи во древната ајурведска медицина со илјадници години поради високата концентрација на моќни и корисни растителни соединенија.
Има антиинфламаторни својства кои спречуваат хронично воспаление, кое може да биде основна причина за разни здравствени состојби како што се артритис, срцеви заболувања, дијабетес и рак. Студиите докажуваат дека присуството на пиперин, главното активно соединение во црниот пипер, овозможува делотворна борба против воспаленија.
Пиперинот помага и при отечени зглобови, го потиснува воспалението на дишните патишта предизвикано од астма и сезонски алергии и го поддржува здравјето на црниот дроб. И денес се препорачува за зајакнување на имунитетот и за подобро варење, а најдобро е да користите свежо мелен пипер.
Здравје на мозокот
Пиперинот исто така игра важна улога во подобрувањето на функцијата на мозокот. Се покажа како корисен за ублажување на симптомите поврзани со дегенеративни состојби на мозокот како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Истражувањата покажаа дека пиперинот ја подобрува меморијата и се чини дека го намалува формирањето на амилоидни плаки кои можат да ги оштетат протеинските фрагменти во мозокот поврзани со Алцхајмерова болест.
Шеќер во крвта
Пиперот исто така може да игра улога во подобрувањето на нивото на шеќер во крвта бидејќи помага во подобрување на метаболизмот на шеќерот во крвта.
Неговото редовно консумирање може значително да ја подобри инсулинската чувствителност. Но, потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие ефекти.
Холестерол
Високиот холестерол во крвта е еден од најчестите здравствени проблеми и е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања.
Истражувањата покажаа дека исхраната со екстракт од црн пипер го намалува нивото на холестерол во крвта, вклучувајќи го и ЛДЛ холестеролот.
Апсорпција на хранливи материи
Пиперинот во црниот пипер ја подобрува биорасположивоста на хранливите материи како што се витамин Б6, селен, бета-каротен и куркуминот од куркумата. Ова го прави особено корисен во комбинација со куркумата за антиинфламаторни состојби.
Борба против ракот
Неколку студии покажаа дека пиперинот од црниот пипер игра важна улога во уништувањето на некои канцерогени клетки. Исто така, се покажа дека може да го намали ризикот од формирање на тумори бидејќи го инхибира растот на клетките на ракот.