Наместо да купувате бои за јајца, оваа година на боењето велигденски јајца пристапете му на поинаков начин. Годинава наш фаворит се јајцата обоени во црно тиквешко…
Велигден се ближи, а тоа значи дека на трпезата мора да има велигденски јајца. Знаеме дека можете да посегнете по боите кои се продаваат во продавниците и на пазарите и на тој начин да ги обоите јајцата, но тоа не е забавно. Затоа за вас најдовме неколку креативни идеи кои можете да ги искористите за подготвување на велигденските јајца.
Цветни велигденски јајца
Не можеме да ја замислиме пролетта без цвеќиња, па зошто да не ги додадеме на вашите велигденски јајца? Најдете неколку маргаритки, глуварчиња или други мали цветови во дворот или во паркот. Од нив можете да направите мал венец или да го залепите секој цвет посебно со јадливо лепило. Пуштете ја вашата фантазија и дозволете си да бидете украсени.
Минималистички велигденски јајца
Дали ви се допаѓа минимализмот? Слободно применете го на украсување на велигденски јајца. Користете фломастер и претворете ги едноставните тврдо варени јајца во мали уметнички дела. Создадете цветни или апстрактни шари. Ако навистина не сакате да насликате нешто посебно, можете да нацртате точки, триаголници или квадрати.
Јајца украсени со водени бои
Велигденските јајца се само уште едно платно на кое ќе ги тестирате вашите вештини за сликање. Започнете со мешање на неколку акварелни бои на палетата. Потоа со четка премачкајте го јајцето со чиста вода, а потоа направете неколку лесни потези со акварел на местата каде што јајцето е влажно. Продолжете да нанесувате иста или различна боја со четката додека не го постигнете акварелниот изглед што го барате.
Ако имате талент за сликање, слободно насликајте зајак, кокошки или некој друг велигденски мотив.
Емотикони на велигденско јајце
Ако постои начин да го натерате вашиот тинејџер кој е залепен на екранот повторно да украсува јајца со вас, оваа креативна идеја може да помогне. Овојте ги јајцата во жолта боја, оставете ги да се исушат, а потоа нацртајте ги емотиконите.
Јајца обоени во црно тиквешко
Годинава наш фаворит се јајцата обоени во вино, секако, црно тиквешко. Овие јајца, како и шунката во тесто и рецептот за боење на велигденските јајца, се подарок од нашиот уметник Диме Темков.
Значи, прво јајцата ги редите во тенџере и ги преливате со мешавина од алкохолен бел оцет и вода, во сооднос 1 спрема 10. На пример, на 1 литар вода, ставате 100 мл оцет. Јајцата нека одлежат 15-20 минути во овој раствор. Потоа течноста искористете ја за чистење, а јајцата прелијте ги со црно тиквешко (ние имаме на ум да го направиме ова со Витач). Ставете ги на рингла да се варат 4-5 минути, потоа исклучете ја ринглата и оставете ги внатре покриени до следниот ден.