Леб без месење, со вкус на кикиритки

Фото: Pexels
39

Овој леб со путер од кикиритки можат да го направат дури и најголемите аматери во кујната. Послужете го со малку мед, свежо сечкано овошје и малку цимет или комбинирајте со овошен џем, чоколаден намаз и слични додатоци.

Путерот од кикиритки е популарна храна во Соединетите Американски Држави, но сѐ повеќе се користи и кај нас за правење сендвичи, сладолед и разни десерти.

Но можете да го користите и за да направите леб, кој ќе биде идеална основа за едноставни десерти и ужини.

Послужете го со малку мед, свежо сечкано овошје и малку цимет. Можете да го комбинирате и со овошен џем, чоколаден намаз и слични додатоци.

Овој вид леб станал популарен за време на Големата депресија во САД во 1930-тите.

Во отсуство на свежи состојки за правење колачи, како што се јајца и путер, тогашните домаќинки ги комбинирале достапните состојки од нивната оставата, за да создадат нешто од ништо.

Лебот со путер од кикиритки бил еден од тие пронајдоци. Во тоа време се користел природен путер од кикиритки, кој се правел исклучиво од кикиритки и без додадени масла. Се препорачува да се користи таков путер и за овој рецепт.

Леб со путер од кикиритки – Состојки:

375 мл млеко
240 гр брашно
125 гр природен путер од кикиритки
50 гр шеќер
4 лажички прашок за пециво
прстофат сол
растително масло за подмачкување на калапот

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 Целзиусови степени. Подмачкајте го калапот за леб и оставете го на страна.
Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта.

Во друг сад измешајте ги путерот од кикиритки и млекото. Мешајте додека не се соединат состојките и додека не добиете густа течност.
Истурете ја во смесата со брашно. Мешајте додека не се соединат состојките. Не грижете се, смесата ќе биде густа и леплива – така треба да биде.
Распоредете ја смесата рамномерно во подмачкан калап за леб. Лебот се пече во загреана рерна 45 до 50 минути или додека не се испече целосно. Проверете дали е испечен со чепкалка за заби пред да го извадите од рерна.
Изладете го лебот пред да го исечете.