Леб од наут готов за половина час

Фото: Pixabay
22

Лебчето од наут се прави само со 4 состојки, брзо се подготвува и секако, здрав е


За овој леб од само четири состојки ви требаат:

300 гр наут
120 гр грчки јогурт
2 јајца
сол, по вкус

Приготвување:
За да го направите овој леб, прво исцедете го и исплакнете го наутот, ставете го во блендер, а потоа додадете ги и јајцата, грчкиот јогурт и солта.
Добро измешајте ја смесата, па истурете ја во плех и печете на 180 степени околу 30 минути. Извадете го од рерната, изладете и исечете.