Лечење рак со сок од морков: Писателката Ен Камерон напишала книга откако го излечила ракот без хемотерапија

Фото: Pexels
1.036

Авторка на многу книги за деца, Ен Камерон во својата книга „Лечење на рак со моркови“ (Curing cancer with carrots), која може да се купи на Амазон, тврди дека секој ден пиела сок од 2 килограми моркови и после 8 месеци нејзиниот рак исчезнал

Иако не сакаме да им влеваме лажна надеж на луѓето со најтешки дијагнози, оваа приказна која веројатно многу од вас веќе ја знаат, ни се виде доволно интересна и безбедна, па решивме да ја

споделиме со вас.

Станува збор за писателката Ен Камерон која тврди дека се излечила од рак во 4 фаза само со секојдневно консумирање на сок од 2 кг моркови, кој рамномерно го распоредувала во текот на денот.

Ен Камерон е авторка на многу книги за деца, но во оваа приказна таа е главниот лик.

„Од мое лично искуство, верувам дека морковот може да излечи рак – брзо, без хемотерапија, зрачење или други промени во исхраната. Мислам дека морковите вреди да ги пробаат речиси

сите на кои им е дијагностициран рак, бидејќи резултатите се покажуваат многу брзо“, вели таа.

Ен Камерон била оперирана во јуни 2012 година кога ѝ бил дијагностициран 3 стадиум на рак на дебелото црево. По операцијата ја одбила препорачаната хемотерапија и од тој датум се чувствувала сѐ подобро и подобро. Но, шест месеци подоцна, кога направила КТ скен тој покажал дека најверојатно има и рак на белите дробови, а ракот на дебелото црево влегол во четвртата фаза.

Ја раскажала својата приказна на блогот  Chris beats cancer (Крис го победи ракот), каде што луѓето

кои бараат или пак нашле алтернативни начини за лекување на ракот, ги раскажуваат своите приказни.

Таа тврди дека се посветила на темелно истражување и наишла на приказната за Ралф Кол, кој на

26-годишна возраст боледувал од рак на кожата, а според неговата приказна, го излекувал со консумирање сок од 2,5 килограми моркови секој ден.

Камерон решила да тргне по неговите стапки и почнала да пие сок од моркови секој ден, рамномерно распоредувајќи го во текот на денот.

„Немав хемотерапија, немав зрачење, немав промени во исхраната, само пиев сок од моркови. Сакам да нагласам дека тоа што консумирав сок од моркови е единствената промена што ја направив во мојот живот, освен благодарното прифаќање молитви

и „добра енергија“ од пријателите и барање мудрост и помош од кој и да е таму горе“, раскажува таа.

Како што тврди, две недели откако почнала со морковите, немало подобрување.
Осум недели откако почнала да зема сок од моркови, туморите престанале да растат и се намалиле.
Четири месеци откако почнала да пие сок, сите лимфни јазли се вратиле во нормала.
„Осум месеци по започнувањето со сокот никаде во моето тело немаше знаци на рак. Верувам дека новодијагностицирана личност како мене, која сѐ уште е во општо добро здравје, може безбедно да ја одложи хемотерапијата за осум недели за да види дали 2 кг моркови дневно, како сок, ќе го спречат растењето на ракот.

Ако морковот делува, тој може да продолжи да ја одложува хемотерапијата сѐ додека морковот

делува и да се надева дека на крајот ќе биде целосно елиминиран. Моето најново КТ скенирање (30 јули 2013) докажува дека мене ми се случило токму тоа“, вели таа.

Инаку, ефективната состојка во морковите – фалкаринолот, се покажал како ефикасен против ракот

во лабораториските експерименти со стаорци и глувци спроведени во Данска и Велика Британија.

По нејзиното искуство, Ен Камерон ја напишала книгата Лечење на рак со моркови (Curing cancer with carrots), која може да се купи на Амазон.