Леќа, наут, гравче, грашок…Мешунки полни со протеини и рецепт за веге плескавици

Фото: Freepik
392

Ако вашата исхрана е генерално сиромашна со растителни влакна, тогаш наглото зголемување на влакната може да предизвика и надуеност. Тоа во никој случај не е знак дека треба да избегнувате мешунки, туку дека треба постепено да ги внесувате во исхраната, додека не ја достигнете дневната препорачана количина од околу 25-30 грама.

Според принципите на правилна исхрана, мешунките се посебна растителна група, иако ги вклучуваме и во зеленчуците. Меѓутоа, за разлика од другите зеленчуци, како зелен лиснат зеленчук или зеленчук од типот на брокула и карфиол, мешунките се разликуваат во нивниот состав.

Имено, мешунките ги сметаме за извор и на јаглехидрати и на протеини и затоа се покалорични во споредба со, на пример, зелената салата или брокула. Мешунките, вклучувајќи ги и јадењата со мешунки, се важен извор на влакна, одредени витамини и минерали, како и фитохемикалии.

Мешунките се добар извор на влакна
Мешунките доаѓаат во конзервирана, сушена, замрзната и свежа форма. Затоа, немојте да ве збунат различните вредности на нутритивната декларација, на пример, помеѓу сувите и конзервираните мешунки.

Секогаш ја мериме храната пред термичката обработка. На пример, сувиот наут на 100 г содржи 364 kcal и 19 г протеини, додека конзервираниот наут на 100 г содржи 81 kcal и 5 грама протеини. Бидејќи конзервираниот наут веќе се продава како готов производ, за него се пресметани вредностите на веќе сварениот наут.

Ако сте набавиле суви мешунки, тогаш добро е да знаете како правилно да ги зготвите. Многу луѓе ги избегнуваат мешунките затоа што прават да се чувствуваат подуени, но токму затоа е важно мешунките да се зготват правилно и малку да си поиграте со зачините кои ќе го ублажат овој ефект. Коморач, мајчина душица или ким се само некои од зачините што можете да ги додадете.

Ако вашата исхрана е генерално сиромашна со растителни влакна, тогаш наглото зголемување на влакната може да предизвика и надуеност. Тоа во никој случај не е знак дека треба да избегнувате влакна, туку дека треба постепено да ги внесувате во исхраната, додека не ја достигнете дневната препорачана количина од околу 25-30 гр.

Влакната се исклучително важни за здраво варење бидејќи со себе однесуваат дел од отпадните материи, го одржуваат нивото на шеќер во крвта нормално и со себе го повлекуваат вишокот маснотии. Влакната, генерално, се услов за правилна исхрана, здрава цревна флора и варење.

Во секојдневната исхрана задолжително вклучете ги мешунките бидејќи се богати со витамини од Б групата, железо, магнезиум, калиум, калциум, цинк, но и со одредени фитохемикалии кои превентивно делуваат на кардиоваскуларни заболувања и одредени видови на рак.

Особено се застапени во вегетаријанската и веганската кујна, бидејќи во комбинација со житарки, семки или јаткасти плодови обезбедуваат комплетен аминокиселински состав на протеини.

На пазарот се зголемува бројот на вегански готови производи на база на мешунки, најчесто грашок и соја. Покрај тоа, мешунките се идеална замена за класичното брашно, бидејќи тие се нутритивно подобри во смисла на поголем процент на протеини и влакна.

Рецепт за плескавици од наут
Кога сме кај мешунките и житарките, што е со плескавиците од наут? Наутот е одлична состојка што се користи за правење на познатиот намаз-хумус, но од нив правиме и вкусни веге плескавици.

Состојки:
1 конзерва наут
1 кромид
4 чешниња лук
2 лажички маслиново масло
1 лажичка мелен пипер
1 лажичка ким
половина чаша сечкан коријандер (ако немате, може и свеж магдонос или сува мајчина душичка)
половина лажичка сол
1/3 шолјичка ситни овесни снегулки
2 лажички доматна паста.

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 °C.
На загреано масло пропржете ги кромидот и лукот околу седум минути.
Потоа во блендер ставете го исплакнатиот наут и сите преостанати состојки. Изблендирајте, а ако смесата е премногу течна, додадете уште овесни снегулки.
Направете мали плескавици и ставете ги во сад за печење. Печете 20 минути, а потоа превртете ги и печете ги уште 20 минути.
Кога плескавиците се испечени, послужете ги со интегрален тост, зелена салата, авокадо и домашен сос од домати.