Лесен и прилагодлив рецепт за панакота

Фото: Арт кујна
26

Најдобрата класична панакота со ванила, совршен, кремаст и лесен десерт кој можете да го комбинирате со различни овошја, од јагоди или други зрнести плодови, до егзотични, како манго или ананас.

Ако отсекогаш сте се прашувале како да ја направите НАЈДОБРАТА класична панакота, овој рецепт на нашата читателка Јана, е токму како за вас! Лесен и прилагодлив, едноставен, вкусен и секогаш импресивен десерт, совршен за секоја пригода.

Панакотата е кремаст, класичен италијански десерт на база на млечни производи, со желатин и ванила. Обично се прави со мешавина од млеко, павлака, шеќер, ванила и желатин.

Еве го и рецептот:

Состојки:
7 г желатин во прав
45 мл вода (за желатинот во прав)
360 мл млеко со поголем процент на маснотии (3,2%)

80 г мед или 66 г шеќер
Прстофат морска сол
15 мл екстракт од ванила
360 мл густа павлака / шлаг
Ако користите бобинки, направете од нив прелив со: (200 г бобинки, 40 г мед, 8 мл сок од лимон, прстофат сол, 2 г желатин во прав) или само додадете некое парче егзотично овошје, како на пример, парче манго.
Приготвување:
Ставете ја водата во мал сад. Додадете го желатинот во прав и добро измешајте. Оставете настрана додека желатинот не ја впие водата.

Ставете го млекото во мал сад, заедно со медот, солта и ванилата.

Загрејте на средна температура и мешајте ја смесата додека се загрева. Погрижете се солта и медот да се растворат и да се измешаат со основата. НЕ дозволувајте смесата да зоврие.

Кога основата од млекото ќе почне да се вари, тргнете ја од оган.
Додадете го набабрениот желатин директно во топлата смеса и нежно мешајте додека желатинот целосно не се раствори.
Додајте ја густата павлака и промешајте.
Поделете ја смесата во 6 мали стаклени садови.
Оставете ја панакота малку да се олади, потоа покријте ја со пластична фолија и чувајте ја во фрижидер преку ноќ.