Истражувањето кое е објавено во списанието Neurology, покажува дека исхраната богата со ликопен го намалува ризикот од срцев удар за дури 55%.
Научници од Финска спровеле студија во која откриле дека луѓето кои консумираат високо ниво на ликопен – црвени материи што се наоѓаат во лубениците, црвените пиперки и доматите, имаат помал ризик од срцеви заболувања и срцев удар.
Во студијата учествувале повеќе од 1.000 учесници кои биле поделени во 4 групи, во зависност од нивото на ликопен во нивната крв. Нивото на ликопен во крвта на учесниците било мерено на почетокот на студијата, а потоа здравјето на учесниците било набљудувано во период од 12 години.
Групата со најмалку ликопен во крвта се состоела од 258 лица, а 25 од нив имале срцев удар. Од друга страна, во групата со најмногу ликопен во крвта, која се состоела од 259 лица, имало само 11 случаи на срцев удар.
Истражувањето кое е објавено во списанието Neurology, покажува дека исхраната богата со ликопен го намалува ризикот од срцев удар за дури 55%.
Оваа студија ја потврдува важноста на редовното консумирање овошје и зеленчук, изјавиl раководителот на студијата, д-р Џуни Карпи.
Научниците нагласуваат дека е важно да се консумира храна богата со ликопен, кој има антиинфламаторни ефекти и спречува формирање на згрутчување на крвта.
Научниците исто така советуваат редовно да консумирате разновидно овошје и зеленчук, а не само оние богати со ликопен. Имено, секој вид овошје и зеленчук има одредени здравствени придобивки, а најмногу ќе имате корист од нив ако консумирате што е можно повеќе видови, секој ден.