Колку и да велиме дека празникот на вљубените не е наш празник, мора да признаеме дека новите генерации го прифатија како да пораснале со него. Како и да е, празник или не, најдовме одлично вкусно и здраво мени кое се препорачува како романтична вечера во домашни услови
Се ближат двата големи празници, православниот Свети Трифун и католичкиот Свети Валентин. Колку и да велиме дека не е наш празник, мора да признаеме дека новите генерации го прифатија вториов како да пораснале со него.
Но, како и да е, па дури и ако не е ниту еден празник, ние најдовме одлично мени кое се препорачува како вкусна и здрава романтична вечера во домашни услови.
Љубовта поминува низ желудникот? Пробајте и направете ги овие убави и здрави оброци, предјадење, главно јадење и десерт и освојте ги сите оние кои ги сакате.
Значи, без разлика дали сте вљубени или не, дали славите Свети Трифун или Свети Валентин, ви предлагаме да се почестите со здраво мени за вечера. Денот на вљубените нека биде добра причина да јадете нешто здраво, хранливо со многу добри состојки и без да поминувате премногу време во кујната.
Изненадете ја вашата подобра (или полоша) половина, семејството, пријателите или себеси и направете одлично мени со предјадење, главно јадење и десерт кои не се мрсни, калорични и нездрави.
Карпачо од цвекло
Состојки:
50 гр пекански ореви (ако немате, пробајте и со некои други јаткасти плодови, евентуално, со обични ореви)
3 лажици маслиново масло
2 лажици балсамико оцет
сок од 1/2 лимон
1 големо цвекло
50 гр фета сирење
сол, пипер
свеж магдонос, босилек
Приготвување:
Цвеклото излупете го и изрендајте го со ренде за зелка.
Маринирајте во масло, оцет и лимон.
Зачинете со сол и пипер и послужете со фета сирење, зачини и потпечени ореви.
Песто од ф’стаци со вашите омилени тестенини
Состојки:
Грст свеж босилек
30 мл маслиново масло
30 гр пињоли (ако немате, ставете сончоглед)
30 гр ф’стаци
2 чешниња лук
Сол, пипер
Сок од половина лимон
Пармезан (по избор)
Приготвување:
Потпечете ги накратко пињолите (сончогледот) и ф’стаците во тава, внимавајќи да не изгорат.
Потоа изблендирајте ги сите состојки, по желба додадете и пармезан на крајот.
Послужете го пестото со вашите омилени тестенини (со рукола, маслинки и младо сирење). Добар апетит!
Бадем-коцки со малини
Состојки:
180 гр спелтино брашно
2 лажички прашок за пециво
80 гр мелени бадеми
100 гр брезов шеќер (има 40% помалку калории од белиот шеќер, но ако немате, пробајте со некој друг засладувач, дури можете и со мед)
Прстофат сол
2 јајца
160 мл бадемово млеко
70 гр кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица јаболков оцет
100 гр малини
Листови од бадеми
Приготвување:
Измешајте ги сите суви состојки (брашно, прашок за пециво, бадеми, шеќер и сол).
Посебно измешајте ги влажните состојки (јајцата, млекото, маслото, ванилата и оцетот).
Во сувите состојки додадете ги влажните состојки и сè убаво измешајте со жица за матење.
Измешајте ги и малините и префрлете ја смесата во сад за печење, поросете со листови од бадеми и печете 40 минути на 180 степени.
Оставете да се излади пред да исечете.