Меѓу 50-те најдобри во Европа, на 16-то место е и скопска пицерија: Каде се јадат најдобри пици во поранешна Југославија?

Фото: Unsplash
691

Доколку подготвувате пица-патување низ најдобрите пицерии во регионот, еве ги задолжителните постојки според изборот на 50 Top Pizza Europe.

На листата на 50 Top Pizza Europe, односно на листата на најдобрите пицерии во Европа која не ја

вклучува Италија, загрепската Franko’s годинава влезе во топ 15. А скопската Мато Наполетано е

веднаш зад неа, на 16-тото место.

Покрај класично силните земји, како Португалија, Шпанија, Германија и други, освен Македонија, ќе

ги најдете и Словенија и Србија со дури две белградски пицерии на списокот.

Сите пет пицерии можат да се пофалат со внимателно одбрани состојки, сериозен пристап кон

подготовката и печењето на тестото, но и други детали, како што се внатрешната декорација и

атмосферата за која придонесува и однесувањето на келнерите и домаќините. Доколку

подготвувате пица-патување низ најдобрите пицерии во регионот, еве ги задолжителните постојки

според изборот на 50 Top Pizza Europe.

Мато Наполетано, Скопје (16 место)

„Уживајте во автентичната италијанска кујна од појадок до вечера во прекрасен амбиент. Малку

повеќе од две години по неговото отворање, ресторанот и пицеријата Matto Napoletano се

етаблираа како прво место за уживање во италијанската кулинарска традиција. Пицата е во

современ Наполитански стил: мека, со изразена кора, со најфините состојки од италијанската

остава, вклучително пршут, млечни производи и сирења“, пишува 50 Top Pizza Europe.

Pop’s Pizza, Љубљана (30 место)

Раскошниот ентериер во кој доминира голем лустер и прекрасен, добро опремен бар може да ве

привлече во љубљанската пицерија Pop’s Pizza, смета 50 Top Pizza Europe и додава:

„Пицата е во неаполски стил, исклучително добро направена и поради долго ферментираното тесто

со природен квасец, така и поради прецизното печење.

Состојките се исто така одлични и автентично италијански. Задолжително пробајте ја Пенелопе со

варена шунка со врвен квалитет, а за десерт вреди да се проба и баскискиот чизкејк. Менито за

пијалаци е обемно, со значителен избор на фино виски и добро дизајнирани коктели. Цените се

просечни за градот, но квалитетот е врвен, со исклучително љубезна и добра услуга“.

Пјетра, Белград (32 место)

Ако сакате класични неаполски пици, Pietra во Белград е местото за вас. 50 Top Pizza Europe ја фали

оваа белградска пицерија за автентичните италијански состојки и вешто подготвеното тесто.

Им се допаднал и елегантниот, но неформален простор, идеален за пауза со пица, но и еспресо,

капучино, коктели или чаша добро вино. Пјетра е пофалена и за професионалните, срдечни и

насмеани келнери.

Мајстор и Маргарита, Белград (37, место)

Внимателниот избор на одлични италијански состојки, внимателната подготовка на тестото и

прецизното печење ѝ обезбедија на култната белградска пицерија „Мајсторот и Маргарита“, место

на листата на најдобрите во Европа.

„Разновидното мени ви овозможува секој пат да уживате во различна пица; покрај класичните

опции, меѓу најпопуларните се оние со италијански сирења, како и комбинација од мортадела и

ф’стаци. Секој залак води до меко парче со висока кора, која се завршува со задоволство. Имаат

интересен пристап кон доматите кои се користат во сосови или се сервираат сирови и го прават

Светлото дрво и мебелот со чисти линии го прават ентериерот гостопримлив, а пријатен е и просторот за седење на отворено“, пишува 50 Top Pizza Europe.