Метиленско сино: Боја за депресија, деменција и рак

Фото: Freepik
196

Повеќе од еден век подоцна, откако ова скромно соединение првпат било синтетизирано за потребите на текстилната индустрија, се враќа – не како пигмент, туку како потенцијален лек за некои од најсериозните болести во светот.

Интензивната, речиси хипнотичка нијанса на сина боја – некогаш користена за боење ткаенини, за означување на линијата помеѓу светлoто и темното на микроскопското стакло – има моќ што никој не можел да ја замисли во 19 век, кога првпат била синтетизирана за потребите на текстилната индустрија.

Сега, повеќе од еден век подоцна, ова скромно соединение се враќа – не како пигмент, туку како потенцијален лек за некои од најсериозните болести во светот.
Во лабораториите низ целиот свет, метиленското сино се користи со децении како евтина боја што им помага на научниците да го откријат микроскопскиот свет. Кога бактериите, паразитите или габите се обоени со него, нивните внатрешни структури стануваат појасни, како некој да ги исцртал со син молив.

Она што е особено фасцинантно е што оваа боја не е корисна само во епруветите – таа има вистински, терапевтски потенцијал во лекувањето на луѓето.

Метиленското сино е борец против инфекции, природен лек против болки, кардиоваскуларен сојузник и можеби најважно, светилник на надеж во борбата против ракот.

Истражувањата покажуваат дека неговата употреба во фотодинамичката терапија – каде што се активира со светлина – може да ги намали туморите, вклучувајќи го колоректалниот рак и меланомот, според PubMed.

Метиленскoто сино е исто така боја што лечи темнина – депресија, деменција, когнитивно оштетување. Студиите покажуваат дека во микродози, може да ја подобри функцијата на мозокот, да ги забрза процесите на меморија, па дури и да ги ублажи симптомите на Паркинсонова и Алцхајмерова болест. Неговото дејство врз митохондриите – малите фабрики за енергија во клетките – им дава нова надеж на оние чии умови полека бледнеат.

Кај депресија, овие пигментирани молекули дејствуваат како точки светлина во темнината – активирајќи го мозокот, подобрувајќи го протокот на кислород и враќајќи ја неврохемиската рамнотежа.

„Интравенозната терапија со метиленско сино е третман од следната генерација базиран на митохондријална наука. Некогаш првенствено се користело во истражувања, а сега е препознаена по својата способност да ги подобри когнитивните перформанси и менталната јасност, да го подобри расположението преку поддршка на невротрансмитери, да ја зголеми клеточната енергија и да го намали воспалението, како и да го поддржи закрепнувањето од физички и емоционален стрес. Наместо да ги маскира симптомите, оваа интравенска терапија делува на клеточно ниво – помагајќи му на телото да ја врати рамнотежата и функцијата одвнатре“, велат експертите од Медицинскиот велнес центар Саншајн.

Противотров и „лек“

Во кризни ситуации, кога телото е хемиски отруено, метиленското сино делува како противотров – брз и ефикасен спасител.

Ако се предозирате со фармацевтска или улична дрога, сте голтнале паста за заби со флуор или сте изеле отровна печурка, метиленското сино е првата линија на третман што лекарите и медицинските сестри ќе ја применат во итен случај.

Се користи и за предозирање со лекови и хемиски труења во болниците, како и активниот јаглен и сода бикарбоната, пишува Алтернативна медицина.

Еве листа на 10-те најчести употреби на метиленско сино:

  1. Противотров за хемиско труење и предозирање
  2. Лек против маларија
  3. Борец против вируси
  4. Терапија за Алцхајмерова и Паркинсонова болест
  5. Ја зголемува моќта на мозокот
  6. Против депресија
  7. Надеж за аутизам
  8. Аналгетик
  9. За поздраво срце
  10. Метиленско сино против рак

Доказите објавени во Frontiers in Pharmacology покажале дека фотодинамичката терапија против рак со метиленско сино ја намалува големината на туморите кај различни видови на рак, вклучувајќи карцином, колоректален рак и меланом.