Млечни кифли наместо леб

104

Една е премногу за еден човек, а премалку за двајца, но сеедно, овие млечни кифли се многу повкусни од обичен бел леб

За да ги направите овие кифли не ви треба многу време, ниту некои специјални состојки. Доволни се само брашно, млеко, зејтин и квасец.

Големината можете да ја прилагодите по своја желба, наместо како нашите кои се преголеми за еден човек, а премали за двајца.

Состојки:

1 кг млеко

500-600 мл млако млеко

100 мл зејтин

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 квасец

сусам

Приготвување:

Замесете тесто од сите состојки и ако е тестото тврдо, додадете уште малку млеко. Покријте го оставете го да стаса околу 20 минути.

Од тестото се одделуваат топчиња од кои се развива мала кора која се ролува во кифличка. Кифлите се редат на подмачкан плех и покриени се оставаат на топло околу 20 минути.

Стасаните кифли се печат на 200°С околу 20-25 минути во зависност од рерната и од големината на кифлите.