Мора да го пробате јапонскиот ролат со боровинки: Се топи во устата и е лесен за подготовка!

Фото: YouTube/ Delicious milk recipes
94

Вкусен летен ролат со мочи тесто ќе ве воодушеви и ќе стане вашиот омилен летен десерт.


Да потсетиме, Мочи тестото се прави од краткозрнест леплив ориз, така што за овој рецепт можете слободно да го користите и нашиот кочански ориз со кратко зрно.

Боровинките се омилено шумско овошје на многу луѓе, а бидејќи моментално се во сезона, вистинско време е да ги консумирате. Можете да ги јадете свежи, замрзнати, со шлаг или во ролат. Еве одличен рецепт за вкусен летен ролат со мочи тесто и боровинки.


Состојки:

За мочи тестото:

320 г оризово брашно
70 г шеќер
360 мл млеко
80 мл вода
40 мл растително масло
прстофат сол
по желба: неколку капки прехранбена боја
Крем:

200 г путер (омекнат)
50 г шеќер во прав
350 г крем сирење
За боровинките:

200 г боровинки (свежи или замрзнати)
30 г шеќер
80 мл вода
10 г пченкарен скроб
50 мл вода


Подготовка:

За тестото измешајте ги оризовото брашно, шеќерот и солта. Додадете ги водата, маслото и прехранбената боја и добро измешајте за да се осигурате дека нема грутки. Префрлете ја смесата во сад погоден за готвење на пареа. Гответе 20-25 минути, мешајќи повремено. Тестото ќе стане лепливо. Префрлете го на работна површина поросена со пченкарен скроб или шеќер за да не се залепи и развлечете го во правоаголник.

За кремот: Изматете ги путерот, шеќерот во прав и крем сирењето додека не добиете мазна и кремаста смеса.

Боровинки: Измешајте пченкарен скроб со вода во тенџере, потоа додадете боровинки и малку шеќер. Гответе на тивок оган додека не се згусне и оладете.

Рамномерно распоредете го кремот врз мочи тестото, а потоа распоредете дебел слој боровинки одозгора. Внимателно завиткајте го тестото во ролна, користејќи хартија за печење или чиста крпа. Ставете ја ролната во фрижидер на неколку часа за да се стврдне пред да ја исечете.