Морковите се одлични за кожата и видот, а ние имаме рецепт за вистински еликсир

Фото: Pexels
217

Прегледот на студија од 2015 година ја наведува врската помеѓу исхраната богата со каротеноиди и помал ризик од карцином на простата.

За некои, морковите се ултимативна намирница кога станува збор за здравјето.

Генерации на родители им кажуваат на своите деца дека тие ќе им помогнат кога станува збор за подобар вид.

Но, дали е тоа вистина и кои се другите придобивки од оваа популарна намирница прочитајте подолу.

Морковите се крцкави, вкусни и многу хранливи и имаат бројни здравствени придобивки.

Денес, морковите се користат низ целиот свет и се многу популарна храна, веројатно поради веќе споменатата висока хранлива вредност, едноставност кога станува збор за нивната обработка и подготовка и можноста за повеќемесечна трајност.

Нутриционистичките вредности и здравствените придобивки

Покрај тоа што се богати со витамини, минерали и растителни влакна, морковите се исто така добар извор на антиоксиданти.

Само еден, среден морков, кој тежи околу 60 грама, содржи:

25 калории
5,8 грама јаглени хидрати
1,7 грама влакна
0,9 протеини
калциум и калиум, лутеин, бета каротин
Витамини Е и К, Ц и А.

Веројатно вашите родители ви кажале дека морковите се добри за видот.

Недостатокот на витамин А што го содржат морковите може да предизвика слепило кај децата. Затоа, родителите биле во право.

Сепак, видот на повеќето луѓе нема да се промени по консумирањето на моркови, освен ако немале сериозен недостаток на витаминот.

Покрај витамин А, морковите содржат и антиоксиданти лутеин и зеаксантин, а нивната комбинација може да ја спречи клеточната дегенерација на макулата односно жолтата дамка.

Затоа, нејзината консумација е навистина важна, а покрај за видот, може да помогне и во борбата со:
Рак на простата – антиоксидантните ефекти на хранливите каротеноиди – жолтите, портокалови и црвени органски пигменти присутни кај морковите и други зеленчуци – можат да го намалат ризикот од карцином.

Лутеинот и зексантинот се два примери на овие каротеноиди.

Прегледот на студија од 2015 година ја наведува врската помеѓу исхраната богата со каротеноиди и помал ризик од карцином на простата.
Рак на кожата – Истражувањето покажува дека одредени хранливи материи можат да бидат значителна поддршка во заштитата на кожата од оштетување или дури и да помогнат во закрепнувањето на веќе оштетената кожа, со што влијаат врз ризикот од развој на карцином на кожата.

Во клиничките испитувања, најмногу се испитувало дејството на бета-каротинот и антиоксидантните хранливи материи: витамин А, Ц, Е, селен и цинк.

Леукемија – Во 2011 година, истражувачите откриле докази дека хранливите материи во екстрактот од сок од морков можат да убијат клетки на леукемија и да ја забават или да ја запрат нивната прогресија.

Дијабетес – Авторите на студијата од 2018 година заклучиле дека консумирањето храна со високо ниво на влакна може да помогне во спречување на развој на дијабетес тип 2.

Висок крвен притисок – Американското здружение за срце (АХА) ги охрабрува луѓето да додадат помалку сол или натриум на оброците и да јадат повеќе храна што содржи калиум, како што се морковите.

Калиумот помага за опуштање на крвните садови, намалувајќи го ризикот од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми, пренесуваат Medical News Today.

Освежувачки еликсир од морков и ѓумбир

Лимета, моркови и ѓумбир измешани заедно создаваат пијалак што не само што е освежувачки, туку ќе го наполни телото со витамини, минерали и други хранливи материи.

Ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ве закрепне кога најмногу ви треба.

Состојки:

2 лажици сечкан и излупен ѓумбир

250 мл свеж сок од морков

125 мл свеж сок од лимета

80 мл вода

Приготвување:

Во мал тенџере, на средна топлина, ставете ѓумбир и вода.

Почекајте да зоврие и промешајте.

Кога ќе зоврие, тргнете го од топлина и оставете го 10 минути.

Прецедете ја добиената течност во бокал и почекајте да се олади.

Во оладениот сируп, додадете сок од морков и од лимета што претходно сте ги направиле со помош на соковник.

Добро промешајте и чувајте во фрижидер.

Послужете со мраз.

Забелешка: Ако сакате посладок пијалак, ставете шеќер додека ги варите ѓумбирот и водата или за поздрава варијанта, на готовиот појалак додадете му мед.