На буква, на буква Е! Седум прехранбени состојки што треба да ги избегнувате

Фото: Pixabay
321

За атрактивен изглед и вкус на храната се користат вештачки бои, засилувачи на вкус, засладувачи, а забораваме колку се штетни.

Обичните производи стануваат поатрактивни по изглед и вкус со помош на бројни вештачки бои, конзерванси, згуснувачи, емулгатори.

Но, прекумерното консумирање на такви производи кои содржат штетни материи може да му наштети на здравјето, затоа е неопходно читањето на ситните букви на декларациите бидејќи само така можеме да откриеме што навистина јадеме.

Засладувачи

Голем број на „здрави“ производи кои се истакнуваат како производи без шеќер содржат засладувач аспартам, препознатлив е по ознаката Е 951, а го содржат и гумите за џвакање, бонбоните, разни диетални пијалаци, па дури и чоколади.

Предизвикува вртоглавица, грчеви во стомакот и замор кои се јавуваат по консумирање премногу производи со оваа озлогласена состојка.

Подобрувачи на вкус

Многу грицки, готови зачини, сосови, супи од кесичка содржат засилувач на вкус, мононатриум глутамат, кој се крие зад етикетата Е 621.

Оваа состојка се користи за подобрување на вкусот на јадењата и е многу штетна бидејќи може да влоши голем број на сериозни болести и да предизвика дебелина.

Бои

Со текот на времето, природните бои речиси целосно ги заменија вештачките наведени на производите со етикети од E100 до E 181.

Ги има во бројни слатки, кекси, а најмногу во енергетските пијалаци со привлечни неонски бои, предизвикуваат проблеми со кожата, тие се причина за бројни алергии, па затоа, особено кога станува збор за деца, треба да се избегнуваат.

Конзерванси

Супстанциите кои првенствено служат за продолжување на рокот на траење на производите се наоѓаат и во секојдневната храна како што се млекото и сувомесните производи под ознаката Е 285 и Е 1105.

Токму поради тоа што со време предизвикуваат кај децата хиперактивност и кожни алергии, храната со конзерванси треба да биде сведена на минимум. Јадете свежа храна и гответе ги своите оброци.

Емулгатори

Супстанциите кои ја подобруваат текстурата на производите и ги поврзуваат состојките кои вообичаено не се спојуваат природно, се наоѓаат во многу слатки купени во продавница, готови сосови, паштети и замрзнати оброци.

Тешко е да се избегнат, но затоа треба да се минимизира потрошувачката на производи кои ги содржат.

Антиоксиданти

Под ознаката Е 300 до Е 340 има вештачки антиоксиданти, лесно се читаат на производот и нивната намена е како додатоци во исхраната.

Но, сѐ повеќе се истакнува дека антиоксидантите од непреработената храна се поздрави, има видови на овошје и зеленчук кои природно содржат антиоксиданти како зелен лиснат зеленчук, бобинки.

Згуснувачи

Секако, нивната цел е да создадат вештачка густина во бројни производи, тие се наоѓаат во комерцијалните супи, намази, креми и се кријат зад ознаката E 1404 која е модифициран скроб, E 412 гуар-гума, E 415 ксантан-гума.

Конзумирањето на големи количини производи со згуснувачи може да предизвика дефицит на железо и алергиски реакции.