На кајмак и кисела зелка среде Лос Анџелес (ВИДЕО)

Скриншот: Јутјуб
403

Кисела зелка среде Лос Анџелес? Кајмак? Кори за пита? Многумина не би поверувале во ова ако популарниот Драган Ракоњац не објавил видео на Јутјуб и не им покажал на луѓето што можат да купат среде Калифорнија

Замислете дека сте во Лос Анџелес, застанувате во продавница, купувате кајмак, кисела зелка, ракија или кори за пита. Изгледа како научна фантастика, но тоа е реалност. Кисела зелка среде Лос Анџелес? Кајмак? Многумина не би поверувале ако популарниот Драган Ракоњац не објавил видео на Јутјуб и не им покажал на луѓето што можат да купат среде Лос Анџелес.

За сите некогашни жители на поранешна Југославија во Калифорнија, работата на Душан 15 години не е ништо ново.

По две продавници за локални производи во Сан Хозе, тој отворил и трета во Алхамбра, дел од Лос Анџелес. Во кинеската населба во Лос Анџелес никнала продавница во која сега може да се купат сите производи од територијата на поранешна Југославија.
Во својата продавница Душан продава производи од Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, како и од Бугарија и Романија. Во САД живеат луѓе од различни земји, а многу од нив се желни за својата татковина или барем за некои производи од нивната земја.