Надуеност, грчеви и болки во стомакот: Кога е синдром на нервозно дебело црево, а кога е нешто друго?

Фото: Freepik
288

Најчесто пациентите со синдром на нервозно дебело црево (IBS) имаат тегоби во утринските часови или после јадење храна во форма на итна потреба за дефекација, се јавуваат стомачни болки, гасови, грчеви, надуеност, а по дефекацијата болката обично се намалува и лицето не мора да има никакви симптомите во остатокот од денот или надуеноста заостанува.

Синдром на нервозно дебело црево (IBS) се јавува најчесто кај младите и возрасните, обично пред 40-годишна возраст, двапати почесто кај жените. Промените во ритамот на движењето на дебелото црево и промените во конзистентноста на столицата се појавуваат периодично, а помеѓу овие епизоди лицето обично нема поплаки, што го разликува IBS од други гастроинтестинални заболувања како што се инфективни проливи или воспалителни болести на цревата.

Најчесто пациентите имаат тегоби во утринските часови или после јадење храна во форма на итна потреба за дефекација, се јавуваат стомачни болки, гасови, грчеви, надуеност, а по дефекацијата болката обично се намалува и лицето не мора да има никакви симптомите во остатокот од денот или надуеноста заостанува. Во следните денови, ритамот на празнење и конзистентноста на столицата може да бидат редовни. По неколку дена, ситуацијата може да се повтори предизвикана од оброк, одредена храна или стресна ситуација.

Симптоми на IBS

Клучните симптоми кои ги поврзуваме со синдромот на нервозно дебело црево се хронична, повторлива абдоминална болка (се јавува најмалку еднаш неделно најмалку три месеци, а болката е поврзана со движењето на дебелото црево), потоа има промени во конзистентноста на столицата и динамиката на движењето на дебелото црево. Може да бидат присутни и дополнителни симптоми како надуеност, гасови, нагон за дефекација, промени во расположението, болки во грбот и главоболки. Нема симптоми како што се гадење, повраќање, треска, крв во столицата, болка или дијареа во текот на ноќта или губење на тежината, што го разликува ИБС од другите цревни заболувања.

Зошто се јавува IBS?
IBS е резултат на интеракцијата на бројни фактори или комбинација на некои од нив:

промени во подвижноста на гастроинтестиналниот тракт
висцерална хиперсензитивност
улогата на воспалителните клетки, мастоцитите
промени во фекалната флора (дисбиоза)
синдром на прекумерен бактериски раст во тенкото црево (SIBO)
чувствителност на храна (нетолеранција, малапсорпција)
генетска предиспозиција
психосоцијални дисфункции.

Имајќи ги предвид бројните теории за патофизиолошката причина за ИБС, третманот е комплексен, а целта е да се намалат тегобите, да се ублажи доминантниот симптом и да се подобри квалитетот на животот. За разлика од, на пример, воспалителни болести на цревата или целијачна болест, не постои една специфична причина, а со тоа и специфичен лек за IBS.

Затоа, на пациентот треба да му се пристапи индивидуално, да се зборува за доминантните симптоми, да се едуцира пациентот сам да забележи која храна или ситуации ги влошуваат симптомите и да ги избегнува. Планот за лекување е индивидуален, започнува со промена на навиките во исхраната и намалување на стресот и со методи за релаксација.

Исто така, се препорачува да се вклучат пробиотици за регулирање на дисбиозата и намалување на висцералната хиперсензитивност.

Промените во исхраната се првата линија во терапијата за ИБС
Истражувањата покажаа дека западната исхрана, која е богата со високо преработена храна, масти и рафинирани шеќери, го поттикнува развојот на IBS.

Првиот чекор е пациентот да ја елиминира храната за која тој самиот забележал дека ги влошува симптомите на IBS, кои често се млечни производи (лактоза). Некои пациенти со IBS ќе имаат подобрување во нивните симптоми ако го елиминираат глутенот од нивната исхрана (дури и кај пациенти кои не се целијачни), а тоа се објаснува со нецелијачна чувствителност на глутен. Вториот чекор е да се елиминира храната која произведува повеќе гасови во цревата (како грав, прокељ, кељ, брокула итн.).

Најголем ефект врз подобрувањето на симптомите на ИБС (кај дури 70% од пациентите) има исхраната со внес на храна со ниска содржина на FODMAP (ферментирачки олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли).

Акронимот што означува „ферментирање на олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли“ се однесува на типовите на шеќери со кои вашето тенко црево може да се мачи со варење. Кога тоа ќе се случи, луѓето може да доживеат гастроинтестинални проблеми, вклучувајќи гасови, надуеност, дијареа и запек.

Студијата покажала дека исхраната со ниска содржина на овие шеќери ги намалува симптомите на IBS и прекумерен раст на бактерии (SIBO) кај 86 проценти од луѓето.

Овој тип на диета е дизајниран да идентификува која храна предизвикува гастроентеролошки симптоми и да направи план за исхрана врз основа на стекнатото знаење за намалување или елиминирање на овие симптоми.

Вообичаената храна богата со FODMAP вклучува кравјо млеко, јаболка, авокадо, суво грозје, грав, аспарагус, индиски ореви, ф’стаци, засладувачи, чај и рум.

Истражувањата покажале дека дисбиозата постои кај пациенти со ИБС, а таа е дел од терапијата и нејзината корекција, како преку исхрана, така и преку земање пробиотици и пребиотици. Пробиотиците, пребиотиците и симбиотиците ги постигнуваат своите позитивни ефекти со намалување на воспалението, влијание врз метаболизмот на жолчните соли, интестиналниот мотилитет и намалување на висцералната чувствителност.