Најчестите готвачки грешки што постојано ги правиме (1 дел): Пржиме сланина, додаваме млеко во матени јајца, користиме зовриена вода за кафе…

Фото: Pexels
3.403

Ова се само дел од работите со кои веројатно грешите и вие кога готвите. Ќе продолжиме со списокот, а вие обидете се да ја поправите својата готвачка умешност

Готвењето можеби е уметност, но на многу начини тоа е и наука. Затоа, толку многу готвачи аматери се потпираат на совети и трикови што ги научиле патем како помош за решавање на некои од најчестите кујнски проблеми. Меѓутоа, понекогаш овие таканаречени трикови за готвење прават повеќе штета отколку добро! И ако знаете како да ги поправите лошите навики што сте ги научиле, засекогаш ќе го промените начинот на готвење.

Додавање млеко или крем во изматените јајца

За што станува збор? Иако може да ве натера да се чувствувате како кулинарски волшебник, додавањето млеко или крем во вашите јајца не им прави ништо добро! Дополнителните млечни производи всушност можат да ги разредат вашите јајца, што псвежридонесува лесно да се преварат.

Пржење сланина во тава

Се чини природно да се фрли сланина во тавче и да се испржи. Така правеле и вашите мајки и бабите и прабабите… Меѓутоа, ако сакате да го извлечете најдобриот вкус од сланината, наместо ова, треба да ја испечете.

Претходна подготовка на гвакамоле

Значи, мислите дека сите состојки што ги додавате во вашето гвакамоле ќе дејствуваат заедно за да го одржуваат свежо. Фала му на бога за моќта на цитрусот, нели? Не, не и не. Направете го вашето гвакамоле непосредно пред да го јадете, или воопшто не правете го. Гвакамоле старо еден ден ќе биде кафеаво и може да има необичен вкус.

Отстранување на семките од пиперки
Отстранувањето на семките од пиперки би требало да ја намалат лутината на јадењето, нели? Погрешно! Всушност, делумно. Имено, семките може да го направат вашето јадење малку полуто, но всушност мембраната, односно сржта е таа која содржи повеќе лутина.

Превртете го стекот само еднаш
Прашајте кој било мајстор за скара и тој може да ви каже колку можете да го уништите стекот со превртување повеќе од еднаш. Но, повеќекратните превртувања помагаат да бидете сигурни дека вашето месо е совршено и рамномерно испржено. Нема да му наштетите на вкусот или на текстурата.

Путер во микробранова печка

Добивте замрзнат путер, но вашиот рецепт бара да биде растопен? Не го ставајте во микробранова печка! Ако го прегреете путерот, можете да ја уништите емулзијата и да го уништите рецептот. Ако треба брзо да го омекнете, наместо во микробранова, обидете се да го изрендате.

Непржено месо во вариво

Не го прескокнувајте пржењето месо пред да почнете да го готвите јадењето. Тоа е критичен чекор од процесот на готвење кој му додава многу вкус на вашето месо! Секако, можете да го игнорирате тој чекор и сепак да направите вкусен оброк, но тоа не е тоа.

Користење на свеж леб за француски тост

Целата поента на францускиот тост е да се искористи застарениот или исушен леб. Зошто? На тој начин, подобро го држи растворот од јајце во кој ќе го потопите без да направите неред. Дури и ако немате бајат леб, можете да го исушите во рерна десетина минути за подобар резултат.

Користење на врела вода за правење кафе

Одолејте на нагонот да истурите врела вода врз кафето! Зошто? Го задушува вкусот. Откако ќе зоврие водата, почекајте 30 секунди – или да престане клокотот на водата – и потоа додадете ја. Тоа би требало да биде доволно време за совршена шолја кафе.

Фрлање расипано вино

Никој не сака да го истура виното, но понекогаш почнува да оддава непријатен мирис. За да го поправите ова, само додадете исчистена монета во шишето. Паричката, зачудувачки, ќе го отстрани непријатниот мирис како магија.