Најдовме рецепт за сирење кое можете да си го направите сами дома, а потребни ви се само две состојки
Дали копнеете по домашно сирење, но немате време да одите на пазар или оние од кои обично купувате продале сè што имале? Не грижете се!
Во само неколку чекори, лесно и без напор можете да го направите највкусното домашно сирење со само две состојки.
Состојки:
5 литри млеко
2 лажици алкохолен оцет
Подготовка:
Сварете го млекото, додадете го оцетот и добро измешајте. Ќе забележите дека се формираат грутки. Кога смесата ќе се згусне, оставете ја на тивок оган уште неколку минути.
После тоа, добро процедете го сирењето, ставете го во сад и покријте. Наутро, е подготвено за јадење! И тоа е тоа – брзо, лесно и едноставно!