Најлошите намирници што можете да ги јадете ако имате артритис! Тие можат да ги влошат симптомите на болеста

Фото: Pexels
241

Изборот на вистинската храна може да направи голема разлика во контролата на артритисот. Усвојувањето на антиинфламаторна диета и избегнувањето на храна што делува како тригер за симптомите на артритис и воспалението може да помогне да се намали зачестеноста и сериозноста на нападите и болката.


Артритисот е болест која се карактеризира со воспаление на зглобовите, што може многу да го попречи нормалното функционирање во животот.

Но, сѐ што може да се направи не е само држењето на болеста под контрола со помош на лекови, туку клучна улога во контролата на артритисот игра и исхраната.

Имено, некои видови храна може да ги влошат симптомите на болеста, додека други може да ги ублажат.

Зошто исхраната е толку важна кај артритисот

Старата поговорка вели „Ти си тоа што го јадеш“, а ова особено важи за заболените од артритис. Храната што ја консумирате може да делува како лек или како отров за вашите воспалени зглобови.

Со разбирање која храна делува како тригер за артритисот и може да ги влоши симптомите и воспалението, можете да направите многу за подобро да ја контролирате болеста.

На вашето тело му треба гориво за да функционира оптимално, а кога станува збор за артритис, постојат одредени намирници кои можат да предизвикаат воспаление и да ја зголемат болката, исто како што има и други намирници кои можат да го намалат воспалението, а со тоа и болката. Затоа, обрнете внимание на овие пет главни прехранбени виновници за влошување на симптомите на артритис.

Високо преработена храна и слатки

Студија од 2020 година покажала дека луѓето кои редовно консумираат пијалаци засладени со шеќер имаат зголемен ризик од развој на ревматоиден артритис.

Соковите и преработената храна често содржат рафинирани шеќери кои можат да дејствуваат како тригер за воспаление преку стимулирање на лачењето на проинфламаторни цитокини и протеини. Познато е дека воспалението може да ги влоши симптомите на артритис, но може да придонесе и за зголемување на телесната тежина, а дебелината е тесно поврзана со развојот на остеоартритис.

Месни производи и црвено месо

Истражувањата покажаа дека потрошувачката на месни производи и црвено месо може да предизвика зголемено ниво на воспаление, зголемен оток на зглобовите и влошување на симптомите на артритис.

Спротивно на тоа, примарно зеленчуковата или веганска исхрана е богата со антиинфламаторна храна и се покажа дека ги намалува симптомите на артритис и хроничното воспаление.

Храна богата со пурини

На луѓето на кои им е дијагностициран гихт нивниот матичен лекар или ревматолог може да им препорача да избегнуваат храна која содржи пурини.

По консумирањето, пурините се претвораат во урична киселина, а акумулацијата на урична киселина може да доведе до акутизација на гихт.

Храна богата со пурини се:

изнутрици
пиво и други алкохолни пијалаци
производи од сушено месо и деликатесни месни преработки, како што се шунка, сланина, салама и слично
Масна и пржена храна

Не се сите масти исти. Потребни ни се некои добри масти, како авокадо, маслиново масло или јаткасти плодови, но исхраната богата со омега-6 масни киселини, заситени масти и транс масти може да го влоши воспалението и целокупното здравје.

Ваквите „лоши“ масти често се присутни во пржената и преработената храна.

Која храна е добра за артритис?

Сепак, сето ова не значи дека сте принудени да отстраните сè што сакате од менито.

Има многу вкусна и хранлива храна која има антиинфламаторни својства и може да помогне во ублажување на симптомите на артритис:

масна риба: лосос, бакалар и пастрмка
зелен лиснат зеленчук: спанаќ, кељ и блитва
јаткасти плодови и семиња: бадеми, ореви и ленени семиња
бобинки: капини, боровинки, јагоди, но и цреши
маслиново масло

Изборот на вистинската храна може да направи голема разлика во контролата на артритисот. Усвојувањето на антиинфламаторна диета и избегнувањето на храна што делува како тригер за симптомите на артритис и воспалението може да помогне да се намали зачестеноста и сериозноста на нападите и болката.

Постојат некои намирници и пијалаци за кои е докажано дека помагаат да се држи артритисот под контрола, ублажувајќи ги симптомите и болката.

Меѓу нив се ѓумбирот и куркумата, кои имаат антиинфламаторни својства.

Докажано е дека медитеранската исхрана помага и при хронични болести и здравје на зглобовите.