Најскапата лута пиперка на светот се произведува во Шумадија

Фото: Принтскрин
107

Семејството Ташовиќ кое одгледува над 20 видови лути пиперки на својата фарма во едно шумадиско село, направило профитабилен бизнис одгледувајќи ја и најлутата и најскапата лута пиперка на светот чија цена за килограм достигнува 25 илјади долари.

Душан Ташовиќ од Крагуевац веќе десет години ги произведува најлутите пиперки во светот на фармата на неговата баба по мајка. Во селото Рашковиќ во близина на Книќ, тој успеал да одгледува повеќе од 20 различни видови преку трпелива работа. Некои пиперки се вистински огномет во устата, а некои вредат мало богатство.

Душан одгледува и вид кој чини дури 25.000 долари по килограм.

– На фармата има над 20 различни сорти. Од благи, средни и екстремно лути пиперки. Најлутата е Каролина Рипер според Гинис – вели Ташовиќ за српска телевизија.

Душан и неговото семејство би можеле да продаваат многу поголеми количини, ако нема еден проблем.

– Ќе имаше повеќе производство, но нема доволно работници. Не сакаме ова да биде строго семеен бизнис. Берењето е најмалиот проблем, сите го правиме заедно за време на викендите – вели Светлана Ташовиќ, мајка на Душан.

Ова семејство се единствените во оваа индустрија кои ги произведуваат и преработуваат лутите пиперки како такви. Засега, само неколку реномирани продавници и ресторани во Белград и Нови Сад ги имаат нивните производи.

– Имаше разни понуди од странство, но во моментов немаме услови за извоз – вели Душан Ташовиќ.

Инаку, најскапата сорта лути пиперки што ги одгледува семејството е Аја чарапита, која потекнува од Перу и има исклучителна арома, а килограм од оваа пиперка вреди 25.000 долари на светскиот пазар.