Наместо купечки, направете домашен прелив за салата. Ви пренесуваме пет рецепти

747

Најчесто ги зачинуваме салатите со маслиново масло и оцет или сок од лимон, но понекогаш ова може да здодее. Тоа е моментот кога наместо во продавница по купечки прелив за салата, е време да влезете во кујна

Малку сол, маслиново масло и оцет, а ако сме посебно расположени, ќе додадеме малку зачини во салатата, како италијански микс или потпечен сусам. И тоа е сè што најчесто ставаме во нашите оброк- салати.

Меѓутоа, ако понекогаш сакаме да ја зачиниме оваа монотонија со некој сос, тоа обично ќе заврши со тоа што ќе отидеме во блиската продавница и ќе посегнеме по шише прелив чие име ни звучи егзотично.

Ништо слично на нутритивниот состав на задната страна на производот.

Имено, преливите за салати купени во продавница често се полни со шеќери, масти и други нездрави состојки кои ќе ја намалат вистинската хранлива вредност на оригиналната салата.

За да го избегнете ова сценарио, обидете се сами да ги направите преливите.

Процесот на подготовка не е комплициран и не одзема многу време, а избраните состојки покрај хранливото богатство, на вашата салата ќе ѝ дадат совршен вкус.

Направете сами прелив за салата

Маслиновото масло, грчкиот јогурт и таанот се главно дел од листата на преливите кои можете да ги направите сами.

Но, внимавајте. За разлика од преливите купени во продавница кои можат да траат со недели, домашните преливи не содржат вештачки конзерванси, па затоа ќе се расипат порано.

Еве пет исклучително едноставни рецепти.

  1. Зелена божица

Овој прелив, богат со зеленило како босилек, кој е богат со антиоксиданти, природни заштитници на телото од штети предизвикани од слободните радикали и магдонос, кој е одличен диуретик, ќе биде совршен додаток на вашата салата.

Состојки:

150 грама грчки јогурт
1 чаша свежи билки како босилек и магдонос (измешајте што имате при рака)
1 чешне лук, исечкано
1 лимон, свежо исцеден
половина лажичка сол
половина лажичка свежо мелен пипер
по желба можете да додадете и малку мајчина душица, копар, нане или власец

Постапка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека смесата не се изедначи. Да се ​​чува во фрижидер до две недели.

  1. Грчки винегрет

Винегрет се прави со мешање масло со блага киселина како оцет или сок од лимон.

Покрај преливот за градинарска салата, може да се користи и како маринада, а е и вкусен додаток на јадењата со тестенини.

Состојки:

170 мл маслиново масло
90 мл вински оцет
3 лажички суво оригано
1 лажичка лук во прав
половина лажичка сол

Постапка:

За да го направите, ставете ги сите состојки заедно во шише и протресете.

Бидејќи во шишето нема што да се расипе, овој прелив можете да го чувате на полица до неколку недели.

  1. Винегрет од сусам и ѓумбир

Доколку сакате поинтензивни вкусови, комбинацијата од ѓумбир и сусам во форма на прелив би можела да стане вашето омилено уживање.

Покрај тоа, коренот од ѓумбир има корисен ефект врз кардиоваскуларното здравје бидејќи ја подобрува циркулацијата, ја разредува крвта и го намалува ризикот од формирање на згрутчување, го намалува крвниот притисок, учествува во метаболизмот на липидите и го намалува нивото на холестерол.

Состојки:

2 лажици масло од сусам
2 лажици соја сос со малку натриум
2 лажици вински оцет
2 супени лажици маслиново масло
2 лажици мед
1 лажица свежо мелен ѓумбир
1 чешне лук, мелено

Постапка:

Изматете ги состојките во сад и чувајте ги на собна температура до две недели.

  1. Италијански винегрет

Друг винегрет прелив кој може да се најде на вашата листа на омилени го вклучува овој италијански.

Состојки:

170 мл маслиново масло
170 мл вински оцет
1 лимон, свежо исцеден
1 лажичка Дижон сенф
1 лажичка италијански зачин
1 чешне лук, мелено
половина лажичка сол
Малку бибер

Постапка:

Измешајте ги сите состојки, а готовиот прелив чувајте го во фрижидер до две недели. Пред употреба, извадете го и оставете го да се загрее на собна температура.

  1. Вегански прелив

60 гр обичен хумус
1 лажичка сенф
половина лажичка кора од лимон
30 – 45 мл сок од лимон, по вкус
2 лажички капари (ситно исечкани)
4 – 5 чешниња лук, сечкани
прстофат морска сол и бибер (по вкус)
15 – 30 млl маслиново масло (по желба, за дополнителна кремавост)
1 – 2 лажички јаворов сируп или мед

Подготовка:

  1. Во сад измешајте хумус, сенф, кора и сок од лимон, капари и сок од саламура и мелено лукче. Се добро измешајте за да се соединат состојките. Маслиновото масло е по желба, но ќе додаде повеќе кремавост.
  2. Се додава малку топла вода за да се разреди смесата и се меша додека не стане кремаста и мазна. Доколку е потребно, додадете повеќе сол и бибер, сок од лимон или мелено лукче. Ако сакате да додадете слатка жичка, додадете јаворов сируп или мед.
  3. Користете веднаш или чувајте го во фрижидер до една недела.