Намирници кои можат да го заменат маслото во рецептите

Фото: Freepik
43

Ако немате дома масло или само сакате да направите поздрава варијанта од јадењето, можете да искористите некоја од овие намирници

Снемавте масло, а денес сакавте да направите рецепт во кој тоа е една од состојките. Не грижете се, има некои намирници кои можат да бидат одлични замени, а веројатно имате дома барем една од нив.

Прочитајте подолу за да дознаете кои се тие.

Јогурт

Јогуртот е одлична замена за маслото во колачи и слатки, бидејќи додава влажност и сочност. Совршен е и за салати, сосови или како прелив за печен зеленчук. Користете грчки јогурт за кремаста текстура, а обичен јогурт за полесен ефект.

Авокадо

Авокадото може да го замени маслото во рецептите за печење (како колачи, мафини, па дури и леб). Можете да го користите и за салати или како намаз. Смелете го во блендер и употребете го во исти количини како и маслото.

Банани

Бананите може да се користат како замена за масло во колачи. Тие додаваат влага и природна сладост. Бананите ќе дадат помека текстура, па затоа во рецептите за кои е потребна поголема крцкавост, можете да додадете и малку прашок за пециво или сода бикарбона.

Замени во зависност од видот на јадењето

За пржење: наместо масло, можете да користите кокосово масло, путер од кикиритки, па дури и супа од зеленчук за полесни пржени оброци.
За печење: Јогурт, авокадо, пире од тиква, јајца, банани или дури и киселина како сок од лимон, може да го заменат маслото за печење колачи и бисквити.
За салати: јогурт како прелив.

Путер од кикиритки

Оваа замена е совршена за печење колачи, бисквити и кекси. Путерот од кикиритки ќе додаде специфичен вкус, затоа користете го во рецепти каде што сакате побогат, јаткаст вкус.

Јајца

Јајцата можат да го заменат маслото во печењето, бидејќи даваат влага и стабилност. Тие се добар избор за колачиња, мафини, бисквити и колачи. Едно јајце може да замени околу 1/4 чаша масло, во зависност од рецептот.

Бујон од зеленчук

Наместо масло, можете да користите супа од зеленчук за динстање или пржење во тава.

Путер

Путерот е класична замена за маслото во печењето, но и за пржењето. Ако го замените маслото со путер при печењето, користете сооднос 1:1, иако путерот дава побогат, кремаст вкус.

Кокосово масло

Ова масло е одлична алтернатива за сите видови пржење и печење, особено во колачи, бидејќи дава лесен вкус на кокос.

Пире од тиква (или друг зеленчук)

Пирето од тиква може да биде одлична замена за масло во колачи, мафини и леб. Исто така е добра замена за масло во салатите. Пирето од тиква додава влага и помека текстура, па може да биде соодветна замена во поздравите рецепти.