Напитоци и храна што го спасуваат црниот дроб! Јадете ги секојдневно овие 6 намирници и намалете го ризикот од воспаленија и рак
На луѓето со замастен црн дроб им се препорачува да пијат до три шолји кафе дневно. Секако, кафето треба да е црно, а не со шеќер и млеко. Риба и пилешко, леќа, тофу, јкаткасти плодови, овесни снегулки, се дел од намирниците кои треба секојдневно да се консумираат
Многу луѓе не размислуваат колку многу прави црниот дроб за нашето целокупно здравје. Ги отстранува токсините од крвта, го поттикнува варењето, складира витамини за подоцнежна употреба и многу повеќе, пишува Health.
Црниот дроб во голема мера „се грижи за себе“, но одредени видови храна и напитоци можат да му дадат дополнителен поттик и да го заштитат од одредени заболувања.
– Тоа е еден од ретките органи што можат да се регенерираат – вели специјалистот за црн дроб д-р Кристина Линденмаер.
– Ако сте имале инфекција или повреда на црниот дроб, и ако живеете здрав живот и се храните правилно, вашиот црн дроб ќе се излекува сам – додава таа.
Како помага храната?
Здравиот црн дроб ги бара потребните хранливи материи. Медитеранската исхрана, која се базира на балансиран внес на овошје, зеленчук и немасни протеини, е добар избор за вашиот црн дроб. Д-р Линденмаер објаснува која храна треба да ја вклучите во вашата исхрана за да ја подобрите функцијата на црниот дроб и да ја обновите.
Кафе
Дневната шолја кафе може да направи повеќе за вашето тело отколку само да ве разбуди наутро. Студиите покажуваат дека редовното пиење едно кафе со кофеин има позитивен ефект врз луѓето со хронично заболување на црниот дроб.
– Постојат многу докази дека кафето помага за здравјето на црниот дроб и има разни придобивки. Докажано е дека кафето ги намалува ензимите на црниот дроб, што укажува на намалување на воспалението во црниот дроб – вели д-р Линденмаер.
На луѓето со замастен црн дроб им се препорачува да пијат до три шолји кафе дневно. Ако немате проблеми со црниот дроб, можеби нема да ви треба толку многу, но имајте на ум дека и една шолја кафе може да ја подобри функцијата на црниот дроб.
– Исто така е важно вашето кафе да биде црно. Не треба да биде кафе со шеќер и млеко – вели таа.
Чај
Добри вести за оние кои не пијат кафе: Чајот може да има слични придобивки за вашиот црн дроб. Преглед на истражувања од 2016 година сугерира дека зелениот чај може да помогне во спречувањето на рак на црниот дроб.
Риба и пилешко
Една од важните функции на црниот дроб е да ги обработува различните протеини, масти и јаглехидрати што ги користи вашето тело. Затоа е важно да вклучите здрави протеини како што се рибата и пилешкото во вашата исхрана.
– На вашиот црн дроб му се потребни градежни блокови за да произведува протеини кои се неопходни за нормално функционирање на телото. Затоа е важно да јадете доволно немасни протеини – објаснува д-р Линденмаер.
Овие здрави протеини поддржуваат балансирана исхрана и му помагаат на црниот дроб да ги извршува своите важни задачи, права ситуација во која сите добиваат.
Ако избегнувате животински производи, пробајте алтернативи, еве ги препорачаните:
леќа
тофу
јаткасти плодови
грашок
маслинки
маслиново масло
Маслинките се богати со витамин Е и антиоксиданти, што е исклучително корисно за црниот дроб.
– Маслиновото масло е многу здраво за црниот дроб. Го зголемува добриот холестерол, што всушност го штити црниот дроб од замастување на црниот дроб и е добро за срцето – истакнува д-р Линденмаер.
Јаткасти плодови
Јатките се нутритивно моќни. Тие содржат здрави масти и се богати со витамин Е, за кој е докажано дека е корисен за луѓе со замастен црн дроб.
– Јаткистиуте плодови се исто така богати со протеини. Ако имате напредна болест на црниот дроб или губење на мускулите поврзано со црниот дроб, корисно е да внесувате еден грам протеини (или повеќе) на килограм од вашата телесна тежина дневно. Примери вклучуваат бадеми, лешници, ф’стаци, пињоли, семки од тиква, лиснат зеленчук – додава д-р Линденмаер.
Постојат многу причини да вклучите лиснат зеленчук во вашата исхрана. Витаминот К му помага на црниот дроб во произведството на фактори на коагулација на крвта.
– Витаминот К може да биде важен за функцијата на црниот дроб за да бидете сигурни дека имате материјал за производство на фактори на коагулација. Лиснатиот зеленчук и спанаќот се богати со витамин К и се многу корисни – објаснува д-р Линденмаер.
Лиснатиот зеленчук исто така содржи глутатион, моќен антиоксидант кој е корисен за црниот дроб.
Примери: спанаќ, кељ, микрозеленчук, зелка, кељ, бобинки.
Антиоксиданти од бобинки
– Антиоксидантите се соединенија кои го штитат и ги намалуваат ефектите од воспалението врз црниот дроб – вели д-р Линденмаер.
– Многу антиинфламаторни антиоксиданти се наоѓаат во овошје како боровинките. Иако се потребни повеќе истражувања, студиите врз животни сугерираат дека брусницата и боровинките можат да го подобрат здравјето на црниот дроб.
Овесни снегулки
Овесните снегулки обезбедуваат здрава доза на влакна и му помагаат на дигестивниот систем. Д-р Линденмаер објаснува дека е важно луѓето со хронично заболување на црниот дроб да одржуваат редовни празнења на цревата и да спречат запек.
– Ако имате запек, токсините можат да се акумулираат во вашето тело, а на овој начин тие ќе се елиминираат нормално преку вашата столица – вели таа.
Студија од 2017 година покажува дека бета-глуканите во овесот можат да помогнат во спречувањето на дебелината и воспалението. Се препорачува да се користат интегрални овесни снегулки, избегнувајќи инстант варијанти со шеќер, пишува Health.