Напиток за детоксикација, подобар од вода со лимон: Вистински мелем за цревата и црниот дроб

Фото: Freepik
232

Во народната медицина, постојат разни природни напитоци кои имаат корисен ефект врз телото – водата со суво грозје зазема посебно место.

Овој напиток се користи за разни здравствени проблеми, а е особено ефикасен во детоксикација на црниот дроб. Водата со суво грозје има поголема количина на лесно сварливи антиоксиданти. Овие супстанции значително го олеснуваат функционирањето на црниот дроб и ја зголемуваат ефикасноста на бројни ензими. Покрај тоа, сувото грозје содржи и диететски влакна кои ја оптимизираат функцијата на цревата и го забрзуваат метаболизмот.

Освен детоксикација и добар ефект врз варењето, овој напиток е енергетски еликсир. Ќе ви обезбеди доволно енергија и е нискокалоричен, што го прави одличен сојузник за слабеење. Добар е за слабеење бидејќи не содржи масти, а со стимулирање на ензимските функции, го намалува и нивото на холестерол. Дури и обична чаша вода на празен стомак е доволна за да се чувствувате сити. Кога водата е збогатена со суво грозје, ефектот ќе трае подолго. Главната работа е да не заборавите да го изедете сувото грозје откако ќе ја испиете водата.

Многумина ќе мислат дека е подобро да се јаде свежо отколку суво грозје и тоа е вистина. Сепак, суво грозје имаме преку целата година, релативно е евтино и лесно можете да го чувате дома. Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје.

Како да се подготви вода за детоксикација со суво грозје: За една чаша добро измиено суво грозје, се користат три чаши вода. Измешајте и варете неколку минути, само за да се загрее водата, без да зоврие. Готвењето е важно за сувото грозје да ослободи важни супстанции во водата, а напитокот се пие ладен. Испијте го во рок од 24 часа, но се препорачува првата чаша да ја испиете наутро на празен стомак.

Можете да го јадете преостанатото суво грозје од напитокот или да го користите за подготовка на колачи, торти и други јадења. Сувото овошје може да биде одлично за метаболизмот и губењето на тежината, но треба да го консумирате во ограничени количини бидејќи содржи многу гликоза и фруктоза.